Вицепремиерката Царовска на средби со Сојузот на пензионерите и Занаетчиската комора


Вицепремиерката Царовска на средби со Сојузот на пензионерите и Занаетчиската комора - МИА

Скопје, 30 мај 2020 () – Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска денеска ќе има средби со претставници на Сојузот на здруженијата на пензионери и на Занаетчиската комора.

Вицепремиерката Царовска, придружувана од претставници на Министерството за труд и социјална политика, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ и членови на здружението „Хуманост“, ќе оствари средба со претставници на Сојузот на здруженијата на пензионери.

Средбата ќе се одржи во дворот на основното училиште „Киро Глигоров“ во скопската населба Капиштец.

По ова, Царовска ќе има средба со извршниот директор и членови на Занаетчиската комора.

Средбата ќе се одржи во објектот на Занаетчиската комора на влезот на Старата скопска чаршија.


Коронавирусот бил присутен во Италија во декември, открива студија за отпадни води - МИА
Вести

Сто триесет и шест новозаболени од Ковид-19, 123 оздравени, шест починати

Скопје, 12 јули 2020 () – Сто триесет и шест нови случаи на заболени од Ковид-19 се регистрирани во изминатите 24 часа, оздравеле 123 заболени, а шест лица починале. Направени се 991 тестирања. Како што […]

Завршува изборната кампања, од полноќ почнува изборниот молк - МИА
Вести

Завршува изборната кампања, од полноќ почнува изборниот молк

Скопје, 12 јули 2020 () – По 20 дена во кои партиите и коалициите ја претставуваа својата понуда пред граѓаните, денеска завршува изборната кампања и од полноќ почнува изборниот молк пред одржувањето на предвремените парламентарни […]

Во трката за пратеници 1.578 кандидати на 15 коалиции и партии - МИА
Вести

Во трката за пратеници 1.578 кандидати на 15 коалиции и партии

Скопје, 12 јули 2020 () – Граѓаните на Северна Македонија на предвремените парламентарни избори ќе можат да гласаат за кандидатските листи на 15 коалиции и партии со вкупно 1.578 кандидати, од кои 903 се мажи, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*