Верификуван мандатот на пратеничката која доаѓа на местото на Заев, ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата


Собранието ја констатира оставката на пратеникот Фљорин Бесими - МИА

Скопје, 25 август 2020 () – Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ попладнево ја напушти собраниската седница на која се верификуваше мандатот на пратеничката Драгица Ѓавочанова која доаѓа на местото на Зоран Заев, кој пак како мандатар за составување на новата влада, претходно поднесе оставка од пратеничката функција.

Според пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, постапката за верификација на мандатите на новите пратеници е неделовничка. Тие посочија дека Верификационата комисија нема мандат да решава бидејќи претстанала да постои по конститутивната седница.

– Очигледно процедуралните забелешки од страна на опозицијата не допреа до Вас и констатацијата дека и порано се правело вака, не дозволува понатамношно кршење на Деловникот. Од тие причини, јасно ви укажавме дека Верификационата комисија претстанала да постои после првата конститутивна седница. Вашите недокажани објаснувања не ни даваат за право да веруваме дека ќе ги почитувате забелеките и она што деловнички е предвидено и од таа причина пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во понатамошниот тек на оваа седница и седниците за верифиакција на мандати, рече Никола  Мицевски, координатор на ВМРО-ДПМНЕ.

Координаторот на СДСМ Јован Митревски рече дека со ваквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ може да не се верификуваат новите мандати на пратениците што би значело и нефункционално Собрание и нова криза.

– Денешното однесување на опозицијата може да доведе до ситуација во која нема да може да се верификуваат мандатите на пратениците кои доаѓаат на местата на оние кои во иднина ќе бидат министри. Тоа во иднина би значело дека ќе имаме нова легитимна влада, но нема да имаме фукционално собрание. Тоа би значело нова криза. Токму тоа е причината зошто ги преземаме овие чекори. Како одговорна коалиција и одговорни пратеници должни сме да не дозволиме и да спречиме нова криза во следниот период, истакна Митрески.

Собранието ја констатираше и оставката на пратеникот Љупчо Николовски, кој ќе треба да извршува министерска функција. Се очекува Собранието да ја информира Државната изборна комисија која пак потоа ќе го информира Парламентот кој е следен на листата што го прифаќа пратеничкиот мандат.

Оваа постапка ќе биде применета за сите пратеници кои ќе бидат дел од идната влада.

 


Усвоена одлуката за бројот на попретседатели на Собранието - МИА
Вести

Изгласани измени на Законот за заштита на населението од заразни болести, нови мерки во борбата против Ковид-19

– Со 53 гласови „за“ и 26 воздржани, пратениците вечерва ги изгласаа измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести. Законот, чии измени се поврзани со мерките за справување со коронавирусот, […]

Вести

Во Скопје рекорден број новозаразени, Аеродром надмина 700 активни случаи

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 422 нови случаи на Ковид-19, а во тој период починале тројца пациенти, соопшти Министерството за здравство. Во изминатиот ден 142 скопјани закрепнале, покажуваат последните официјални податоци. […]

Вести

Рекордни 870 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 14 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2647 тестирања, а регистрирани се 870 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-422, Куманово-28, Дебар-10, Штип-25, Прилеп-28, Тетово-64, Струга-10, Велес-38, Битола-29, Охрид-26, Кавадарци-9, Гостивар-23, Гевгелија-13, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*