Веќе и во СДСМ не веруваат кога ќе слушнат дека се ветува некој нов капитален проект од оваа власт на Заев


СДСМ секоја година со истите ветувања, а реализација нема. Според ветувањата на СДСМ досега требаше да има 600 километри нови автопати, нов клинички центар, нов Студентски град и студентски домови, гасификацијата требаше да биде завршена и 32 општини да беа веќе гасифицирани, требаше да биде отпочната градбата на Чебрен, и десетици други капитални инвестиции.



Резултат од тоа е едно големо ништо. Капиталните инвестиции ги реализираат се рекордно ниска стапка на реализација и покрај тоа што постојано на секој ребаланс прво што кратат е стапката за капитални инвестиции.

Тоа е резултат на нивната неспособност и неработење.

Полна реализација имаат само на ставките за договорни услуги и други трансфери преку кои набавуваат шампањ, лигњи, нови возила, мебел или нови дебели хонорари.

Веќе и во СДСМ не веруваат кога ќе слушнат дека се ветува некој нов капитален проект од оваа власт на Заев.

Имаа шанса во новиот буџет да вметнат реални проекти кои што би биле од полза на граѓаните, но наместо тоа како и секогаш прво распределија средства за нивните лукративни потреби, па затоа и буџетот е повторно неразвоен и пренапумпан, а со тоа граѓаните ќе останат со празни раце.

Редно е СДСМ да се освести и да сфати дека единствено тие самите се виновни за сопствените грешки и лоши политики, а не секој кој ќе ги искритикува. Токму затоа, наместо празни флоскули, граѓаните сакаат дела!

 

 Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ