В петок, според СДСМ, Заев ќе го добие мандатот, Мицкоски за нови избори ако се исцрпат можностите за формирање влада


Преговорите за новата влада по Илинден, ЕУ очекува стабилна коалиција и силен Парламент - МИА

Скопје, 12 јуни 2020 () – На два дена до рокот за доверување на мандатот за состав на Владата, официјално нема договор меѓу партиите кои освоија најмногу пратенички места. Од СДСМ тврдат дека Заев е мандатар и дека во тек се разговори за парламентарно мнозинство, а Мицкоски пак вели дека го известил Ахмети дека токму ВМРО-ДПМНЕ е победник во македонскиот блок. За неизвесноста да биде поголема, досегашниот собраниски спикер Талат Џафери тврди дека рокот за мандат почнува да тече откако ќе се избере претседател на Собрание и сеуште не го испраќа дописот до претседателот на државата за конституиран Парламент, а пак шефот на државата Стево Пендаровски смирува дека рокот си тече и дека Собранието е конституирано со верификација на мандатите на 4 август 2020 година.



Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера на прес-конференција рече дека лидерот на ДУИ Али Ахмети го информирал дека ДУИ почнува преговори со СДСМ, бидејќи тоа е партијата што победила во македонскиот блок. Тој не се согласил со ставот на Ахмети оти СДСМ победила во македонскиот блок, истакнувајќи дека партијата што убедливо победила кај Македонците е ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на можноста за нови парламентарни избори наесен, Мицкоски цени дека се уште постојат можности за формирање влада, но доколку тие се исцрпат тогаш, како што вели, може да се разговара за нови избори.Мицкоски: Економијата е во колапс поради нерационалното трошење на Владата - МИА

– Не се сите можности исцрпени, мислам дека се уште постојат можности за формирање политичка влада, доколку и тие се исцрпат, тогаш може да зборуваме за нови избори, рече Мицкоски.

Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов вчера рече дека мандатар за состав на новата Влада е Зоран Заев.

-Во тек се разговори и консултации за парламентарно мнозинство и коалиција за полн, четиригодишен стабилен мандат. Во интерес на разговорите во овој момент не би можеле да изнесуваме детали, истакна Костадинов.

Во однос на роковите за доделување на мандатот Костадинов посочи дека за СДСМ важен е ставот на претседателот на државата, Стево Пендаровски кој вели дека веднаш по конституирањето на Собранието, започнуваат да течат законските рокови и дека доделувањето на мандатот ќе се случи согласно роковите.