Усвоена програмата за финансирање на здруженија и фонданции за активности за спречување со КОВИД кризата


Нови 14 дена вонредна состојба, за заокружување на здравствените одговори на пандемијата - МИА

Скопје, 5 јуни 2020 () – Владата попладнево на седница ја усвои Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за мерки за справување со КОВИД-19 кризата.

Согласно Програмата, 30 милиони денари ќе бидат наменети за финансирање на здруженијата и фондациите преку грантови во износ од 600 до 900 илјади денари за повеќе приоритетни цели.

Од владината прес-служба информираат дека дел од овие цели се информирање на јавноста за мерките и препораките на државните институции за спречување на ширењето на КОВИД-19, помош и поддршка на децата од социјално загрозените семејства и децата од руралните средини за учење од дома, помош и поддршка за грижата за стари лица, жртви на семејно насилство и други ранливи групи, како и набавка и дистрибуција на хуманитарна и санитарна помош за социјално загрозените и маргинализираните групи, на локално ниво. Како приоритетни цели се наведени и едукацијата, директната помош и поддршката на лица со хронични или ретки болести, старите и изнемоштени лица, самохраните родители, сексуални работници/чки, директната поддршка за ранливите категории на работници/чки од ниско платени гранки, справувањето со дезинформации, лажни вести, стигматизација и говор на омраза….

Здруженијата и фондациите на кои ќе им бидат доделени средства ќе достават извештај за користењето на средствата до Генералниот секретаријат на Владата кој пак ќе достави извештај за реализација на оваа програма до Владата.

На денешната владина седница донесена е и одлуката за критериумите и постапката за распределба на овие средства.


Партиите не отстапуваат од средби со граѓаните, но ветуваат почитување на мерките - МИА
Вести

Предизборната кампања на средина, се вжештува реториката

– Предизборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е на средина, а партиите ја вжештуваат дебатата за економијата, правната држава и корупцијата. Партиите своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на средби […]

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово - МИА
Вести

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово

Скопје, 4 јули 2020 () – Засега нема препорака од Комисијата за заразни болести ниту пак одлука за затворање на границите со Србија и со Косово, потврди вчера премиерот Оливер Спасовски и истакна дека во […]

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита - МИА
Вести

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита

Скопје, 4 јули 2020 () – Бројот на заразени со коронавирус во државава и натаму е висок. Според вчера објавените податоци, нови 165 случаи со Ковид-19, седум починати и 128 оздравени се регистрирани во државава. […]