Тројца амбасадори ќе ги претстават своите платформи пред собраниската Комисија за надворешна политика



– Собраниската Комисија за надворешна политика  денеска ќе одржи продолжение на седницата на која тројца новоименувани амбасадори за Москва, Виена и Рим ќе ги претстават платформите за нивната дипломатска активност.


 

Како што информира собраниската прес-служба, пред Комисијата ќе се претстават Ненад Колев, кој е именуван за амбасадор во Руската Федерација, Освит Росоклија во Република Австрија и Весел Мемеди во Република Италија.

На седницата на Комисијата завчера, своите тези ги претстави Слободан Узунов, новоименуваниот амбасадор за Индија.

Претставувањето на платформите пред матичната собрансика комисија  е последна фаза пред заминувањето на амбасадорите на нивната дипломатска функција.