Денеска сум во посета на делчевско и малешевијата од локацијата од која што ја даваме оваа изјава, речиси пред две години зафатија големи шумски пожари и се нанесе голема штета на шумскиот фонт.
Целта на посетата, како што кажав, е да го презентираме масакрот кој што се случува на шумата од Делчево од страна на фирма која што е блиска до власта која што практично има склучено договор за минимални 300 денари по метар кубен дрвна маса на опожарено дрво. Она што можете да го видите од кадрите позади мене е дека фирмата која што треба да го исчисти теренот од опожарено дрво го зима она што е квалитетно, а она што значи остаток од дрвна маса е оставено на лице место и теренот во иднина не може да биде пошумен, а е обврска на фирмата која што го има склучено овој договор.
Она што сакам дополнително да алармирам е тоа што посочената фирма која што е блиска до власта покрај тоа што сече опожарено дрво, сече и квалитетно здраво дрво кое што се зима за минимални 300 денари по метар кубен колку што е договорот.
Замислете во ситуација кога локалното население го гледа овој масакар кој што се случува во делчевско и малешевијата, а дрвната маса за загревање на своите домови ги плаќа по над 4000 денари за метар кубен, оваа фирма практично го зима за 300 денари.
Овој апел, оваа изјава, е да и укажам на власта, и на министерството и на Владата, дека уште веднаш треба да излезат надлежните институции да го стопираат ова злодело кое што се случува на овој еколошки рај од делот на Република Македонија и воедно да им се дозволи на мештаните од овој регион да можат да ја искористат оваа дрвна маса за да ги обезбедат своите семејства со огревно дрво за претстојната зима.
Морам да потенцирам дека ова злодело кое што се случува под поткритие на Љупчо Николовски, Ковачевски и фирмата која што е блиска до нив дека во иднина ќе биде сериозно санкционирано, односно ќе се проверат сите неправилности кои што се направени на штета на локалното население, на природата, на нашето најголемо богатство – шумите.