Трипуновски: Да се расветли случајот со вработен во Платежната агенција кој барал поткуп


Трипуновски: Да се расветли случајот со вработен во Платежната агенција кој барал поткуп - МИА

Скопје, 30 април 2020


 

Најостро го осудувам криминалното дејствие на лицето И.Г. вработено во Платежната агенција кое уценувало земјоделци и барало поткуп.

Ги повикувам надлежните органи веднаш да реагираат и целосно да го расветлат случајот до крај, а лицето И.Г. да одговара за своите криминални дејанија согласно закон.

ВМРО-ДПМНЕ за разлика од СДСМ не поддржува криминал, без разлика дали лицето кое го сторило е симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ или било која друга партија. Криминалот мора да биде санкциониран.

Цветан Трипуновски

______________________________________________________________________________

овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки