ВЛАДАТА ГО ЗАДОЛЖИ ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ОСМАНИ ЗА КООРДИНАЦИЈА НА ИНИЦИЈАТИВИТЕ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД СТРАТЕГИЈАТА ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА


На денешната редовна седница, Владата го определи Вицепремиерот за европски прашања  Османи за координатор на шесте Носечки иницијативи од новата Стратегија на Европската комисија за Заден Балкан. Иако Стратегијата се уште е во фаза на разгледување од страна на телата на Советот и земјите членки на ЕУ, Владата процени дека е важно подготвителните активности за имплементација на активностите предвидени во носечките иницијативи, да започнат на време. Владата, воедно назначи секторски координатори за секоја од шесте иницијативи, и тоа,



Министерот за Правда, Билен Салији, за координатор на иницијативата за зајакнување на владеењето на правото;

Заменик претседателот на Владата и Министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, како координатор на иницијатива за зајакнато вклучување во безбедноста и миграцијата;

Министерот за економија, Крешник Бектеши, за координатор на иницијатива за зајакнување на поддршката на социо-економскиот развој;

Заменик претседателот на Владата за економски прашања, Кочо Анѓушев, за координатор на иницијатива за зголемување на транспортната и енергетската поврзаност во регионот и во рамките на ЕУ;

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, за координатор на иницијатива за Дигитална агенда за Западен Балкан;

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, за координатор на иницијатива за поддршка на помирувањето и добрососедските односи;

Притоа, Владата го задолжи Вицепремиерот Османи, до крајот на март оваа година, да го реализира првиот конститутивен состанок, на кој ќе се дефинира експертскиот состав на Носечките групи, нивниот опсег, начинот на работа како и меѓусебното информирање. Во работата на секторските групи, во насока на инклузивност ќе се утврди и соодветна партиципација на претставниците на заинтересираните општествени чинители, вклучително и од граѓанскиот сектор. На 06 февруари оваа година, Европската комисија ја усвои Новата Стратегија за кредибилна перспектива за проширување и зајакнат ангажман на ЕУ со Западниот Балкан, во која ЕУ значително ќе ја зајакне својата поддршка за процесот на трансформација на земјите од Западниот Балкан. Во таа насока, во рамките на Стратегијата, Комисијата предвиде и  Акциски план за поддршка на Европската Комисија во трансформацијата на Западниот Балкан, како анекс во кој се вклучени шест водечки иницијативи насочени кон конкретни области од интерес за ЕУ и земјите од Западен Балкан.


Вести

Починаа 32 пациенти, 820 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2019 тестирања, а регистрирани се 820 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-279, Куманово-49, Штип-39, Прилеп-15, Тетово-42, Струга-33, Велес-19, Битола-58, Охрид-24, Кавадарци-34, Гостивар-37, Гевгелија-25, Струмица-25, […]

Бизнис и економија

Задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, останува можноста жените да се пензионираат со навршени 62 години

– Измените на Законот за работни односи со кои се предвидува задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, поднесени од група пратеници, влегоа во собраниска процедура и го поминаа првото читање. Исклучоци во јавниот сектор ќе има […]

Вести

Продолжуваат разговорите со Бугарија, македонскиот јазик и идентитет се црвените линии

– Разговорите за надминување на несогласувањата со Бугарија продолжуваат деновиве на ниво на работни групи, предводени од министрите за надворешни работи на двете земји, а македонскиот јазик и македонскиот идентитет се црвените линии во преговорите […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*