Стоилковски: Спасовски и Шекеринска да се откажат од платите над 80.000 денари и да ги донираат за борба против корона вирусот


 

Наместо кратење на плати на работниците и на администрацијата, даваме конкретен предлог, да нема плати за министрите. Нудиме конретен предлог до владата, Спасовски, Шекеринска и другите да се откажат од платите и да ги донираат за борбата против корона вирусот

Оливер Спасовски да се откаже од нето платата од над 88,000 денари.
Радмила Шекеринска да се откаже од нето платата од над 80,000 денари.
Мила Царовска да се откаже од нето плата над 73,000 денари.
Рената Тренеска Дескоска од платата од над 73.000 денари,
Никола Димитров од платата од над 72,000 денари,
Дамјан Манчевски од над 70,000 денари плата и така натаму.

Предлагаме сите 26- министри да се откажат од примањата кои се движат од 70.000 до 90.000 денари нето и да работат про – боно! Ако СДСМ навистина сакаат да помогнат тогаш целосно да се откажат од нивните приходи по основ на плата и хонорари, додека трае кризата со епидемијата на корона вирусот.

Дополнително, нека се откажат и од привилегиите кои одат со функцијата како службени возила, телефони и репрезентации кои ги прават и ги плаќаат со народни пари.

Почитувани, доколку министрите, замениците – министри, директорите, и членовите на управните и надзорните одбори работат без пари, про – боно со тоа ќе се заштедат над 2.5 милиони евра месечно. Тоа се над пет милиони евра за два месеци, колку што предлагаат да трае драконската мерка за македонската економија.

Ако е вистина, а не лицемерно, ако навистина го мислат тоа што го кажуваат, тогаш функционерите од СДСМ нека почнат со свој личен пример да го помогнат народот.

Министерката Дескоска да почне од себе, да се откаже од вкупната плата и примања, а потоа да ја следат и Спасовски, Шекеринска и другите функционери во владата.

Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ


Балкан

Словенечката Влада го претстави т.н. „Мега корона Закон” со кој граѓаните и економијата ќе добијат три милијарди евра

Словенечката Влада, по дводневно заседание, конечно го усогласи и објави таканаречениот „Корона Закон”, со кој граѓаните и компаниите ќе добијат директна државна финансиска помош од три милијарди евра, јави дописникот на МИА од Љубљана. Целта […]

Вести

Две лица починале од Ковид-19, 16 нови случаи, вкупната бројка на заболени 257 лица

– Две лица починале изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби како последица од корона вирусот, со што вкупната бројка на починати во земјава од појавата на Ковид-19 достигна шест лица. Станува […]

Вести

Досега во земјава се регистрирани 241 лице заболени од Ковид-19, наскоро ќе биде поставена монтажна болница со 130 легла

– Досега во земјава се регистрирани 241 случај на заразени лица со коронавирус. Четири лица се починати, а тројца се излечени. Од Влада пораачаа дека државните карантини се безбедни и строго контролирани. Владини претставници извршија […]