Стоилковски: Мерката за субвенционирање на инвертер уреди за греење е дискриминирачка, достапна само за жителите на неколку градови и определен број на граѓани

СДСМ потроши три години без да преземе мерка за спречување на загадувањето. Зоран Заев најавуваше експресно почист воздух откако ќе ја преземе власта, и три години откако ја презема, ниту една мерка за спречување на загадувањето се нема спроведено.

Мерката за субвенционирање на инвертер уреди за греење е дискриминирачка. Како прво мерката е достапна само за жителите на неколку градови, а како второ истата е наменета само за определен  број на граѓани од тие градови.

Мерката за инвертери нема реална примена. Практично не можно е со еден инвертер да се загрее цел стан од поголема квадратура од некои 70тина квадрати.

Дополнително мерката е крајно популистичка и е очигледен обид за добра бизнис зделка на поединци од власта. 10 милиони кои власта ги дава за субвенционирање ќе бидат профит за некој бизнисмен близок до власта, а граѓаните ќе ги имаат истите проблеми кои ги имаат и сега. Воздухот ќе биде загаден.

Почитувани,

Половични решенија не се решение за загадениот воздух, туку се само популистичка мерка за замајување на граѓаните.

Ако по три години на власт, Заев и Анѓушев како мерка против загадувањето  на воздухот предлагаат половично решение, кое нема за цел ефикасно решавање на загаденоста, туку само популистички да ќарат поен плус кај граѓаните, тогаш ни е јасно дека не им се пиоритет граѓаните, туку ситните политички поени.

Граѓаните не се ниско интелегентни за да им поверувааат на манипулациите на Заев и Анѓушев.

Доколку Заев и Анѓушев навистина сакаат да преземат мерки против загадувањето, ВМРО-ДПМНЕ со своите стручни тимови уште лани се понуди за помош, при што предложи и мерки кои што неопходно и треба да бидат применети.

Вести

Повторно протести и судири во Барселона

Во Барселона синоќа повторно имаше судири помеѓу полицијата и демонстрантите откако каталонскиот лидер Квим Тора побара преговори со централната Влада, но Мадрид го одби барањето. Привремениот премиер на Шпанија, Педро Санчез изјави дека Тора прво […]

Вести

Од Франција депортирани 120 албански државјани

На меѓународнот аеродром во Тирана вчера доброволно се вратени  120 албански државјани, баратели на азил во Франција, избегнувајќи можни казни што произлегуваат од непочитување на дозволата за престој на во шенген зоната. Според началникот на […]

Вести

Ниска свеста за потребата од противпожарни апарати во домовите и во колите

Десет отсто од граѓаните во земјава поседуваат противпожарен апарат во своите домови или автомобили. Свеста за потребата е многу мала, како и едукацијата за нивната примена. Марија Кукуноска, менаџерка во БИСПАГ противпожарна техника, една од […]