Стоилковски: Директорот на Шилегов – Чомбе води група за уништување билборди и насилство, обезбедуван од полиција



ript>

Насилствата на СДСМ против изборите не застануваат!


 

Вчера во Скопје е нападнат советник на ВМРО-ДПМНЕ, советник од општината  Аеродром, воедно претседател на општинскиот младински комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вечерта еден час по полноќ.

Во тоа време група предводена од директорот на ЗОО Скопје, директор поставен од Петре Шилегов, познат како Чомбе, при присуство на полиција, води група за оштетување на изборните билборди на ВМРО-ДПМНЕ, што е најстрого забрането со закон.

Да го погледнеме видеото на коешто се гледа како групата на Чомбе во присуство на полиција како сквернави изборен материјал.

Ова е дело против изборите и е забрането. Ова дело против изборите е правено и организирано и спроведено од директор поставен од Петре Шилегов и е направено во присуство на полицијата. Ова е нервоза на терен, знаат дека ги губат изборите и се повеќе се служат со физички насилства. Ова е класична злоупотреба, директор на ЈП, функционер од СДСМ, во присуство на полиција, организира група и дејствува против изборите. Сквернави пропаганден изборен материјал, на јавен простор.

Нападот врз советникот се случува откако е забележано дека советникот ја снимил оваа групата, во ова нивно противзаконско делување. Тој бил заобиколен со возилата од групата предводена од Чомбе, по што следел и физички напад.

Сето ова е пријавено во полициската станица, но во атмосфера и снедемократски систем, кога полициски службеници се користат како партиска милиција за притисок, терор и обезбедување при дело против изборите, како што е ова регистрирано на видеото, за сето ова ќе бидат известени сите релевантни амбасади и меѓународни институции надлежни за набљудување на изборниот процес.

Ништо не може да создаде недемократска и насилна атмосфера, освен режим во својот слободен пад.

Почитувани, ниеден одговор, ниедна гаранција не е посилна од излезност и глас на избори за градење на вистинска демократија.

Ниеден одговор кон режимот и партиските милиции не е посилен од масовна излезност и црвен картон кон режимот.

Останувањето дома е одобрување на сето ова, на криминалот и злоупотребите на системот за партиски цели.

Нема полошо од СДСМ, за Скопје нема полошо од Шилегов!