Стево Пендаровски: Столбот на секоја држава и општество е правото и правдата

Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател,

Свети Николе, 16.03.2019


Почитувани,

Столбот на секоја држава и општество е правото и правдата.

Вчера, ја чувме првостепената пресуда за немилите настани  од 27 април, кога група насилници организирана од врвот на тогашната партија на власт, влезе во Парламентот со цел да го спречи мирниот трансфер на власта.

За жал таа партија и нејзиното сегашно раководство, не смогнаа сила да го осудат тој чин, да се оградат од насилниците и да побараат извинување од сите Македонски граѓани.

pendarovski (1)
pendarovski (2)
pendarovski (3)
pendarovski (4)
pendarovski (5)

Уште полошо, кандидатот на таа партија за претседател на државата, го релативизираше настанот и рече дека некои други луѓе кои беа на страната на жртвите, требало да бидат процесуирани, а не насилниците кои посегнаа по животот на пратениците.

Како претседател, мојата прва и основна задача, ќе биде да ги штитам граѓаните и нивните права и слободи. И жестоко да се спротивставам на секој обид ако некој сака  тие права и слободи на граѓаните да ги лимитира или да ги одземе.

Република Северна Македонија не може да оди напред и не може да биде третирана како демократска држава со луѓе кои сакаат да не вратат во мрачното минато и со луѓе кои немаат доблест да се извинат за она што партијата која сега ги предлага за највисоката функција во државата го има направено пред неколку години.

Благодарам.

 


Вести

За победа во прв круг потребни 904.066 гласови, во вториот 723.253

Денеска се одржува првиот круг од претседателските избори. На изборите право на глас имаат 1.808.131 избирач, кои можат да изберат меѓу тројца кандидати Блерим Река, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски. Во првиот круг победник може да […]

Вести

Отворена телефонска линија кај Омбудсманот за пријавување повреди на избирачко право

Граѓаните денеска на денот на одржувањето на првиот круг од Претседателските избори 2019, и предвремените избори за градоначалник за општините Охрид, Дебар и Ново Село ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право […]

Вести

Граѓаните го избираат петтиот претседател, прв на Република Северна Македонија

Во Република Северна Македонија денеска се одржува првиот круг од шестите претседателски избори. Во претседателската трка се кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова и Блерим Река, кој е поддржан од […]