ССМ: Вработените во МИА заслужуваат зголемување на платата

ssm_logo_34534543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска соопшти дека дава целосна поддршка на Синдикатот на медиумски и информативните агенции – СМИА и Управниот одбор на МИА, во нивните заложби за зголемување на платите на вработените во МИА.

Доколку не се прифати барањето за зголемување на платите ССМ укажува дека МИА ќе се соочи со бојкот на работниот процес и можен штрајк, како и одлив на кадарот.


-Во изминатиот период вработените во националниот сервис МИА се револтирани поради тоа што нивните плати не се зголемени иако за зголемување на платите  до Владата се обратил и Управниот одбор со барање Владата како основач да донесе Одлука и да им дозволи да ги зголемат
платите имајки во предвид дека тоа е во рамките на планираните расходи за плати утврдени во
Финансискиот план за 2023 година и поради фактот што за зголемување на платите не се потребни дополнителни финансиски средства од буџетот. Доколку не се прифати барањето, Медиумската информативна агенција – МИА како национален медиумски сервис ќе се соочи со одлив на кадарот, бојкот на работниот процес како и можен штрајк, наведува ССМ во соопштение. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK