Средба на министерот Маричиќ со претседателката на ДКСК Ивановска



Средба на министерот Маричиќ со претседателката на ДКСК Ивановска - МИА

Скопје, 16 септември 2020 () – Одговорноста на институциите во реформите во правосудството, унапредувањето на капацитетите на ДКСК за борба против корупцијата и исполнувањето на препораките на ГРЕКО, се само дел од темите за кои било разговарано на денешната средба на министерот за правда Бојан Маричиќ со претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска и Владимир Георгиев, член на ДКСК.

На состанокот, како што информираат од кабинетот на Маричиќ, се дискутирало околу одговорноста на институциите во реформите во правосудството, како и потребата за подобрување на соработката на институциите за водење на поуспешна превенција и активна борба против корупцијата.

Министерот Маричиќ, истакнал дека ќе има поддршка на Државната комисија за спречување на корупција во насока на унапредувањето на капацитетите за борба против корупција и посочи дека токму антикорупциската комисија е една од клучните институции во процесот на преговори со ЕУ. На средбата се дискутираше и околу исполнувањето на препораките од Vкруг на ГРЕКО.


Вести

Прв академски час на факултетите

– За новата генерација студенти, факултетите денеска традиционално ќе одржат прв академски час, кој поради пандемијата ќе се организира на отворено или онлајн. Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски новите бруцоши ќе […]

Вести

Почнува учебната година за учениците и студентите

– Одложено за учениците и редовно за студентите почнува учебната 2020/2021 година која е со многу неизвесности поради непредвидливост со заразата од КОВИД-19. Училишната година денеска треба да ја почнат 270 000 средношколци и основци, […]

Вести

Неизвесно потврдувањето на одлуките за вонредна состојба во Собранието

– Останува неизвесно дали Собранието ќе ги потврди петте одлуки за прогласување на вонредна состојба што ги донесе претседателот на државата Стево Пендаровски поради пандемијата со КОВИД-19, откако вчера Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*