Средба на Мицкоски со директорот на НДИ за Европа Роберт Бенџамин


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, придружуван од генералниот секретар Игор Јанушев, оствари средба со Роберт Бенџамин, директор на Националниот демократски институт (НДИ) за Европа и претставниците на НДИ за Македонија, директорот Крис Хеншоу и неговиот заменик Роберт Скот Хејзлет.

На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во земјава, но и за стратешките цели на Република Македонија како влезот во ЕУ и НАТО.

Мицкоски и Бенџамин ја поздравија досегашната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и НДИ и беше заклучено дека постои можност за нејзино понатамошно унапредување.

Претседателот Мицкоски го информираше директорот на НДИ за Европа, Бенџамин за немањето демократски капацитет и злоупотребата на институциите од страна на власта. Тој исто така се осврна на немањето капацитет на власта да ги спроведе реформите и да се справи со корупцијата што беше потврдено и на состанокот на министрите на земјите членки на ЕУ поради што земјава не доби покана за членство во унијата.

Мицкоски изрази загриженост за лошата економска ситуација во која се наоѓа државата  што резултира со се поголемо осиромашување на граѓаните на Република Македонија.

Претседателот Мицкоски посочи дека стратешки приоритет на Република Македонија е членството во ЕУ и НАТО, кое треба да биде резултат на спроведени реформи и владеење на правото, а не на штетни договори кои наидуваат на осуда во јавноста.                

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Балкан

Будимпешта: Балканските држави заслужуваат шанса за членство во ЕУ

Европската унија им должи на балканските земји да им даде шанса да се приклучат кон Унијата, изјави во Стразбур европратеникот од редовите на унгарската партија Фидес, Балаж Хидвеги, додавајќи дека проширувањето на Балканот е клучна […]

Вести

Институт „Крсте Мисирков“: Прашањето за македонскиот јазик е апсолвирано, негирањето е свесна провокација

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“-Скопје соопшти дека остро реагира и сериозно се спротивставува на ставот на Бугарската академија на науките во врска со постоењето на македонскиот јазик и на македонското писмо. Во реакцијата Институтот […]

Вести

Максим Ацевски избран за главен државен ревизор

Собранието на денешната седница го избра Максим Ацевски за главен државен ревизор, на предлог на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Одкуката за изборот на Ацевски беше донесена едногласно со 81 глас „за“. […]