Средба на Џафери со косовскиот амбасадор Дедај


 Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Косово Ѓерѓ Дедај. На средбата, Џафери како што информираат од неговиот кабинет, изразил задоволство од добрите и конструктивни билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Косово, како и плодната меѓупарламентарна соработка.

Џафери, како особено значајна ја оцени соработката во рамките на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, упатувајќи честитки за успешното заокружување на претседавањето на Собранието на Република Косово со овој значаен форум за политички и дипломатски дијалог. Тој, како што се вели во соопштението, се заложил за унапредување на економската соработка и инфраструктурното поврзување меѓу Северна Македонија и Косово, нагласувајќи дека отворањето на новите гранични премини во голема мерка ќе ги олеснат бизнис иницијативите и комуникацијата меѓу граѓаните.

Амбасадорот Дедај, стои во соопштението, упатил честитки за демократски спроведените парламентарни избори и повторниот избор на Џафери за претседател на Собранието на Република Северна Македонија. Оценувајќи дека земјава се движи во вистинската насока, тој изрази задоволство од соработката со институциите на Република Северна Македонија и го поздрави историскиот напредок со членството во НАТО и охрабрувачките резултати за почеток на преговорите со ЕУ. Амбасадорот се осврна на состојбата во Косово и на Договорот за економска соработка меѓу Република Косово и Република Србија, потпишан во Вашингтон, кој го оцени како историски.

На средбата станало збор и за здравствените, економските и социјалните предизвици од пандемијата на Ковид-19, при што било оценето дека е неопходна заедничка активност и соработка меѓу земјите од регионот за надминување на последиците од пандемијата, како и за изнаоѓање начин за олеснување и потполна либерализација на движењето на граѓаните меѓу државите.

Џафери и Дедај, на средбата се согласиле дека заедничките стратешки цели и определби на Северна Македонија и Косово даваат гаранција дека ќе продолжи праксата на негување на добрососедските односи и се заложиле за натамошно унапредување на билатералната комуникација.

На средбата присуствувал и генералниот конзул на Република Косово во Република Северна Македонија со седиште во Струга, Агим Красниќи.


Вести

Регистрирани нови 1085 случаи на Ковид-19, починале 12 лица

Во последните 24 часа се направени 3294 тестирања, а регистрирани се 1085 нови случаи на ковид-19, починале 12 лица, а оздравеле 283 лица, соопшти вечерва Министерството за здравство. Од новодијагностицираните случаи најмногу има во: Скопје-447, […]

Вести

Официјално Македонија со нов рекорд, 1085 новозаразени од Ковид

Ковид состојба 31.10.2020 Новозаразени: 1085 Тестирани: 3294 Оздравени: 283 Починати: 12 Вкупно дијагностицирани: 31572 Вкупно оздравени: 20731 Вкупно починати: 994 Активни случаи: 9847   Ковид состојба 31.10.2020 Новозаразени: 1085 Тестирани: 3294 Оздравени: 283 Починати: 12 […]

Вести

Од вторник во Австрија „локдаун“ и полициски час

Австриската Влада вечерва одлучи да спроведе „заклучување“ по вторпат оваа година, поради драматичната епидемиолошка состојба, од вторник, 3 ноември, со полициски час од 20 до 6 часот наутро. Австрискиот канцелар Себастијан Курц на прес-конференција рече […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*