Средба на Царовска со тимот што работи на апликацијата за поддршка од врсничко насилство

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска се сретна со тимот „АндроМета“ кој е еден од петте тимови избран на светско ниво за развој на апликацијата SpeakOut за поддршка од врсничко насилство.

Како што соопштија од МТСП, Царовска ги поканила Александра Поповска, Матеј Плавевски, Дарио Стојанов, Данче Петрушевска и Амра Личина, иновативното решение да го презентираат и пред Националното координативно тело за заштита на деца од злоупотреба и  занемарување со што, како што посочуваат, ќе се разгледа можноста истото да се вметне како дел од сеопфатната стратегија против насилство врз деца и оперативен план кои се во фаза на подготовка.

-Горди сме што имаме непроценлив потенцијал кај младите луѓе во Република Северна Македонија. Вашата иновативност, посветеност и енергија за создавање подобри услови за живот и развој на вештини кои решаваат сериозни проблеми во општеството и на новите генерации, ни дава поттик како министерство и Влада да останеме посветени на заложбата за обезбедување еднакви услови и подобар живот за секое дете, рече Царовска.

Лидерот на тимот, осумнаесетгодишната Александра Поповска, вели дека возрасните не веруваат секогаш во нивните способности, но таа лично верува дека младите можат да направат промена.

-„SpeakOut е мобилна апликација која ги мотивира младите анонимно да побараат помош и да дадат поддршка на своите врсници. Ним им се нудат две опции за добивање помош. Јавно да објават и да добијат помош од другите членови во заедницата или да разговараат со волонтер, приватно, еден-на-еден“ , вели Поповска.

Апликацијата се развива како дел од предизвикот Generation Unlimited, а македонскиот тим беше избран од УНИЦЕФ и партнерите меѓу оние коишто ќе добијат стручно менторство и по 20.000 американски долари за проширување на апликацијата. Во Generation Unlimited се вклучија повеќе од 800 иноватори од 16 земји за да побараат одговор на неодложното прашање: „како да се постигне секој млад човек да добие образование, вештини и оспособеност за изградба на подобра иднина?“. Целта на овој предизвик во кој се вклучени првите луѓе на Обединети Нации и Европска Унија е сите млади на возраст од 10 до 24 години да добијат образование, обука и работа до 2030 година.


Вести

Демократски дебати неделава во САД – прва предигра за изборите во 2020 година

Пред милиони Американци неделава на првите демократски дебати ќе се појават на едно место речиси дваесетмина кандидати во трка за номинирање претстедателски кандидат од Демократската партија на изборите следната година. Иако застапуваат различна идеологија – […]

Вести

Прифатено барањето на Јанкулоска за одложување на затворската казна за „Тенк“

На поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и е прифатено барањето да и се одложи четиригодишната затворска казна за случајот „Тенк“. Како што соопшти денеска Основниот кривичен суд – Скопје, извршувањето на казната се одложува се […]

Вести

Заменик-министерот за образование Петар Атанасов поднесе оставка

Заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов на својот фејсбук-профил во отворено писмо до премиеот Зоран Заев и до јавноста соопшти дека поднесува оставка од функцијата. Како што вели, неговата позиција станува „неодржлива и неефективна“ […]