Средба на Арсовска со делегација на чешкиот Парламент

arsovska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска оствари средба со челнови на чешкиот Парламент, кои престојуваат во посета на земјава и кои беа придруживани амбасадорот и конзулот на Чешка во Скопје, Јарослав Лудва и Давид Чернохорски.

Како што соопшти Кабинетот на Арсовска, на средбата е потврдено дека соработката со Град Скопје, која беше интензивна во изминатата година, поттикна отпочнување на бројни квалитетни заеднички иницијативи и проекти, се наведува во соопштението на Кабинетот.


– Со претседателот на Комисијата за економија, земјоделство и транспорт на чешкиот Парламент, Мирослав Плевни, заменик претседателот на Комисијата за енергетика и транспорт, Онджеј Фебер, претседателот на Поткомитетот за енергетика и транспорт, Михал Кортиш, членот на Комисијата за земјоделство, Ростислав Коштиал како и со Андреа Јонузова, секретар на комисијата, се потенцираше континуитетот на добрите пријателски билатерални односи меѓу Македонија и Чешка, се наведува во соопштението.

Како што се додаваат од Град Скопје, оваа „пријателска средба ќе придонесе за продлабочување на меѓусебната соработка, како и продолжување на меѓусебната размена на знаења и искуства во повеќе области при реализација на заедничките иницијативи“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK