Скопје, 5 август 2023 Социјалистичката партија на Македонија го нотира отсуството на реакција на Владата на барањата на пензионерите за повисоки пензии кои на екстремно високи температури протестираа заради неможноста да преживеат и да ги покријат елементарните потреби.
Владата постојано лажно се фали со успешни политики но заборава особено на пензионерите кои живеат на работ на егистенцијата додека инфлацијата и натаму ги осиромашува рушејќи им го човечкото достоинство. Лажното обезбедување на наводниот постојан раст на пензиите придонесува како пожар да се шири пензионерското незадоволство.
Социјалистичката партија на Македонија препорачува и укажува дека мора да се смени моделот на раст на пензиите и да се обезбеди индексација на растот на пензиите со инфлацијата како и со растот на платите. На тој начин ќе се постигне основ за реален раст на пензиите. Поторно укажуваме дека корумпираната Влада на премиерот Ковачевски не им служи на граѓаните туку само на сопствените интереси и за лично богатење.
Граѓаните во огромен број се свесни дека единствениот начин да се заштитат од оваа неспособна и клептоманска власт е одржувањето на итни парламентарни избори на кои на најдемократски начин ќе биде делегитимирана однародената и омразена влада на СДС и ДУИ. Социјалистичка партија на Македонија