СПМ апелира достоинствено да се чествува 4 февруари

spm
Facebook
Twitter
LinkedIn

Социјалистичката партија на Македонија апелира до македонскиот народ и сите македонски граѓани на достоинствено чествување на Гоце Делчев, апостолот на македонската револуционерна борба.




Напоменуваме на потребата за смиреност и неподлегнување на можни провокации од недробронамерни лица, при тоа покажувајќи ја сплотеноста во градење на нашето единство.

Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека македонската историја и македонските историски великани се само наши и ничии други, затоа е потребно да им оддадеме должно почитување какво што заслужуваат.

Македонската историја е единствена и голема, таа задира длабоко во нашето минатото и е проткаена со бројни подеми и успеси, врежани во колективната меморија на македонскиот народ, оттаму ние сме обврзани да ја почтуваме, чуваме и негуваме.

Социјалистичката партија на Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Можеби ќе ве интересира: