Спасовски во Чучер Сандево: Следува и годишна поддршка за земјоделството и руралниот развој од 200 милиони евра


Спасовски во Чучер Сандево: Следува и годишна поддршка за земјоделството и руралниот развој од 200 милиони евра - МИА

Скопје, 2 јули 2020 () – Силно сме посветени на рамномерниот регионален развој на градските и на руралните средини и на развивање на стопанските дејности во регионите. Во Чучер Сандево најразвиена стопанска гранка е земјоделството. Голем дел од вас се занимаат овде со земјоделство и да знаете кога велиме нова развојна економија, мислиме и на модерно, европско земјоделство. Во Програмата се обврзуваме на годишна финансиска поддршка од 200 милиони евра, за земјоделството и руралниот развој. Се обврзуваме на целосно бесплатна, 100-проценти субвенционирана зелена нафта, за сите земјоделци, до крајот на мандатот (до 2024 година). Се обврзуваме на двојно повеќе пари за поврат на персоналниот данок за земјоделците, да продолжиме по правиот пат, истакна носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски.

Тој нагласи дека европските перспективи што ги отворивме носат сигурна иднина и повеќе пари за граѓаните на нашата држава, а со тоа и на земјоделците.

– По НАТО членството, од вчера испишуваме нова историја кон ЕУ, бидејќи ЕК го утврди предлогот за преговарачката рамка за преговори за членство и го достави до државите на Унијата. Европските перспективи носат развој на сите области. Со отворањето на поглавјата – 2.5 милијарди евра од европските фондови ќе бидат достапни за новата развојна економија, за зелена нафта за земјоделство, за конкурентност, за капитални инвестиции, канализации, патишта, водоводи. Продолжуваме по правиот пат, со грижа за сите, во Едно општество за сите, во сигурна држава членка на НАТО и идна членка на ЕУ. И ќе има и современо европско земјоделство во Македонија, рече Спасовски.

На средбите се разговараше и за сработеното во изминативе три години.

– Ние за овие три години овозможуваме вкупна, директна и индиректна поддршка во земјоделството во историски рекорден износ од над 430 милиони евра. Поддршката за проектот Млад земјоделец ја зголемивме од 10.000 на 20.000 евра. Ја воведовме зелената нафта. 200 милиони денари завршија кај 55.000 земјоделци. Субвенциите се поголеми, редовните, ги исплативме и заостанатите субвенции од времето на режимската власт, којашто ве делеше, потценуваше, уценуваше за државни пари што ви следуваат по закон. Обновата на режимот е опасност, коалицијата Можеме обезбедува сигурна иднина за сите, затоа да заокружиме број 3 на изборите на 15.јули, повика Спасовски во Чучер Сандево.


Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти - МИА
Вести

Нови 139 случаи со Ковид-19, еден починат, 239 оздравени пациенти

Скопје, 12 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-30, Куманово-20, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-8, Битола-2, Охрид-3, Кавадарци-8, Гостивар-19, Гевгелија-1, […]

Преговорите за новата влада по Илинден, ЕУ очекува стабилна коалиција и силен Парламент - МИА
Вести

В петок, според СДСМ, Заев ќе го добие мандатот, Мицкоски за нови избори ако се исцрпат можностите за формирање влада

Скопје, 12 јуни 2020 () – На два дена до рокот за доверување на мандатот за состав на Владата, официјално нема договор меѓу партиите кои освоија најмногу пратенички места. Од СДСМ тврдат дека Заев е […]

Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Бројот на новозаболени од Ковид-19 дневно се уште трицифрен, да се почитуваат мерките за заштита

Скопје, 12 август 2020 () – Нови 141 случај со Ковид-19 од 1.885 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Почина една 51-годишна пациентка од Скопје. Регистрирани се 161 […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*