Спасовски: Управувањето со миграциите не значи управување со бројки, туку работа со луѓе

spasovski_345345453
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во објава на Фејсбук говорејќи за прашањето на управување со миграциите посочува дека Преспа форумот за дијалог ќе биде добра можност за споделување на мислења на оваа тема која има влијание врз сите земји во светот.

– Управувањето со миграциите не значи управување со бројки, туку работа со луѓе. Од друга страна пак, една од главните форми на управување со миграциите значи и почитување на нашите закони, бидејќи сите нелегални обиди за влегување во земјата мора и ќе бидат процесирани согласно сите правила и регулативи, со правни процедури кои се правични за сите засегнати страни, вели Спасовски во видео објава на Фејсбук.


Во објавата, Спасовски нагласува дека државата сериозно го сфаќа прашањето на управување со миграците.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK