Спасовски се сретна делегација составена од претходните претседатели на Здружението на Египќаните, по повод Меѓународниот ден на балканските Египќани


Спасовски се сретна делегација составена од претходните претседатели на Здружението на Египќаните, по повод Меѓународниот ден на балканските Египќани - МИА

Скопје, 24 јуни 2020 () –  Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски денеска по повод 24 јуни, Меѓународниот ден на балканските Египќани, прими делегација составена од претходните претседатели на Здружението на Египќаните, основано пред 30 години во нашата земја, предводена од пратеникот Рубин Земон.

-Чест ми е што денеска сте тука и особено сме горди што како Влада го изградивме и продолжуваме по патот на почитување на концептот „Едно општество за сите“, почитувајќи ги сите заедници, особено оние помалубројните, рече премиерот Спасовски, честитајќи го Меѓународниот ден на балканските Египќани, како и тридеценискиот јубилеј од формирањето на Здружението на Египќаните во Северна Македонија.

Спасовски подвлече дека, секоја заедница е важна во државата и Владата ќе продолжи во насока на обезбедување еднаквост, социјална правда, правичност, еднакви можности, вклученост и учество на сите граѓани во одлучувањето и постигнување на општествена кохезија.

Учесниците во делегацијата на заедницата на Египќаните, заблагодарувајќи се за приемот, на премиерот Спасовски му изразија поддршка за конструктивните политики на Владата за значително подобрената состојба за разлика од наследената состојба со поделеното општество, говорот на омразата и криминалот од омраза кон „другиот“, се вели во владиното соопштение.

Претставниците на заедницата на Египќаните изразија поддршка за преземените политики особено со зголемувањето на политичката претставеност на Египќаните во процесот на донесувањето на одлуките.

Здружението, формирано на 24 јуни 1990 година во Охрид е најстарата општествено-политичка организација на оваа заедница на Балканскиот Полуостров, која има за цел заштита и унапредување на културата и идентитетот на Египќаните во Република Северна Македонија, развој  на образованието, заштита на човековите и малцинските права, како и поголемо вклучување на припадниците на оваа заедница во Република Северна Македонија.


Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 74 случаи со Ковид-19, тројца починати, 90 оздравени пациенти

Скопје, 3 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-14, Куманово-8, Штип-13, Струга-1, Кавадарци-3, Гостивар-22, Кочани-1, Берово-3, Виница-4, Свети Николе-3, Кичево-2. […]

Џафери ќе ја води конститутивната седница - МИА
Вести

Џафери ќе ја води конститутивната седница

Скопје, 3 август 2020 () – Претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери утре ќе претседава со конститутивната седница на Собранието, потврдија од неговиот кабинет. -Претседателот Џафери излезе од болница и е во многу добра […]

Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките клучно за нивна заштита - МИА
Вести

Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките клучно за нивна заштита

Скопје, 3 август 2020 () – Ковид-19 предизвикува поголема смртност кај лица на возраст над 60 години и кај лица со основни медицински состојби, како што се кардиоваскуларни заболувања, хронична респираторна болест, дијабетес и карцином. […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*