Спасовски: Повисоки плати и пензии и шанса за сите носи новата македонска развојна економија


Спасовски: Повисоки плати и пензии и шанса за сите носи новата македонска развојна економија - МИА

Скопје, 5 јули 2020 () – Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, синоќа имаше средба со жители на општината Ѓорче Петров на којашто беа споделени охрабрувања дека државата е на правиот пат и треба да продолжи да се развива.

Пораките на средбата беа дека  државата е осигурана и македонскиот јазик и идентитет признаени од светот, со што се остварени вековните стремежи и се создадени услови за напредок.

-НАТО членството и интеграциите во ЕУ се придонес на нашите генерации во идентитетското и државното запишување во светската карта на држави и народи. Сега се создадени услови за напредок, тоа е брзата развојна македонска економија за којашто зборуваме, со цел повисоки плати и пензии, нови вработувања, социјална грижа за сите, со цел и да ги мотивираме младите да живеат и создаваат во родната земја, а сите граѓаните тука да ја гледаат својата иднина. Тоа е патриотизам на дело, рече Спасовски на синоќешната средба со граѓани во Ѓорче Петров. 

 


Вести

Нови 594 случаи на КОВИД-19, оздравени 162, починати три лица

Во последните 24 часа се направени 2.617 тестирања, а регистрирани се 594 нови случаи на КОВИД-19 од кои најголем дел во Скопје, 303. Оздравени се 162 пациенти, а починати се три лица. Како што соопшти […]

Вести

Словачка ќе ги тестира сите граѓани постари од 10 години

Словачка планира да ги тестира сите граѓани на возраст над 10 години за коронавирусот во следните два викенда, соопшти премиерот Игор Матович на денешната прес-конференција, додавајќи дека тоа е проект кој владата го подготвувала последните три недели. Сè […]

Вести

Историчарите со мали поместувања напред, но засега без договор за Гоце Делчев, Заев верува во решение преку взаемно почитување

– По два дена разговори во Скопје македонските и бугарските историчари не постигнаа напредок во однос на Гоце Делчев, кој и понатаму останува пречка на сопнување. Има нови предлози и идеи за кои засега не […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*