Спасовски: Бројките за новоинфицираните аларм да се почитуваат сите мерки


Спасовски: Бројките за новоинфицираните аларм да се почитуваат сите мерки - МИА

Ранковце, 29 мај 2020 () – Бројките на новоинфицирани случаи се аларм и апел да се почитуваат сите мерки и протоколи, но доколку продолжи оваа тенденција не се исклучува и повторно враќање на рестриктивни мерки, предупреди денеска премиерот Оливер Спасовски.

Како што вели, приоритет на сите мерки, протоколи и препораки од надлежните институции се зачувување на здравјето и животот на граѓаните и аргументите за вонредната состојба беа токму тие приоритети, како и справување со здравствената и економска криза, но државата постојано не може да остане во вонредна состојба.

Според него, граѓаните мора да сфатат дека животот и здравјето на семејствата и најблиските се во прашање. Укажа дека овие бројки доаѓаат од рестриктивниот период, но како што рече, денеска повторно ќе се разговара и ќе се проценува дали ќе биде продолжена повторно вонредната состојба во државата.

– Знаевме дека по укинувањето на рестрикциите ќе има одредени поместувања на бројките, но донесени се протоколи и за функционирање на угостителските објекти и за останати институции и останува на граѓаните истите да ги почитуваат. Сведоци сме дека вчера ниту угостителските објекти не почитуваа дел од протоколите, но и граѓаните. Бројките на новоинфицирани случаи се аларм и апел да се почитуваат сите мерки и протоколи, но доколку продолжи оваа тенденција не се исклучува и повторно враќање на рестриктивни мерки, рече Спасовски одговарајќи на новинарско прашање во однос на денешните високи бројки на новозаразени случаи со КОВИД – 19, при денешната посета на Крива Паланка.

Во однос на датумот за одржување на изборите кој го спомена вицепремиерот Бујар Османи, 5 јули, рече дека лицитацијата со датуми не му оди во прилог никому, бидејќи уште еднаш повтори врвен приоритет се здравјето и животот на граѓаните. ид/

 


Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти - МИА
Вести

Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти

Скопје, 2 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-75, Куманово-9, Дебар-6, Штип-8, Прилеп-6, Тетово-9, Струга-14, Велес-3, Охрид-10, Кавадарци-3, Гостивар-7, Гевгелија-2, […]

ИЗБОРИ 2020: МИА ќе ги претстави програмите на учесниците на Предвремените парламентарни избори - МИА
Вести

ДИК со измени на Упатството за набљудување на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) на денешното продолжение на вчера започната седница, донесе одлука за усвојување на изменето Упатство за набљудување на изборите, а беа избрани и неколку членови на Општински изборни комисии кои поради одредени […]

Умерен оптимизам кај научниците од Оксфорд за вакцината против Ковид-19 - МИА
Вести

Повеќе оздравени од дијагностицирани вчера, обновен сообраќајот на двата аеродрома

Скопје, 2 јули 2020 () – Нови 120 потврдени со КОВИД-19 од 954 тестирања, од кои над половината (64) се од Скопје, а 14 од Тетово. Останатите заразени со вирусот од вчерашниот билтен на Министерството […]