Советот на амбасадори ги позравува залaгањата на идниот Самит да се додели датум за преговори


Здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на Амбасадори„ ги поздравува залагањата на европските лидери, на американскиот државен секретар Мајк Помпео, како и на политичарите од повеќе европски политички провиниенции и интелектуалци на наредниот самит на Европскиот Совет, кој ќе се одржи во март идната година, Унијата повторно да го разгледува прашањето на проширување и на Република Северна Македонија и Република Албанија им се одреди датум за започнување на пристапните преговори за членство во ЕУ.

Здружението во соопштението до медиумите посебно ја поздравува подготвеноста на претседателот Емануел Макрон изразена во неговото интервју во „Тhe Economist„ дека тој е подготвен дури и на наредниот Самит да им даде зелено светло за датум за преговори на Република Северна Македонија и Република Албанија ако Унијата успее да ги направи потребните реформи и напоредно со тоа ако овие две земји-кандидатки, покажат напредок во исполнување на бараните реформи.

Советот на Амбасадори го прифаќа уверувањето дека на ЕУ и се потребни длабоки реформи со цел на нејзино поуспешно функционирање и поголем економски просперитет и е длабоко убеден дека Република Северна Македонија, како и многу пати досега ќе ги исполни потребните и барани реформи на домашен план.

Здружението „Совет на Амбасадори„ и овој пат, ги повикува земјите членки на ЕУ, посебно тие кои поради една или друга причина имале одредена резерва околу проширувањето за некоја земја кандидат, да максимално се залагаат Република Северна Македонија и Албанија добијат  датум за започнување на преговорите, што несомнено ќе придонесе за стабилизација на севкупните односи не само во европскиот регион Заападен Балкан, туку и пошироко.

Вести

Владиниот лирџет пријавил ситуација за итност и безбедно слетал на Скопскиот аеродром

Капетанот на владиниот воздухоплов попладне во контролата на летање на Скопскиот аеродорм пријавил ситуација за итност поради предното тркало и по процедурите безбедно слетал на аеродромот, информираа за МИА од Контролата на летање М-НАВ.   […]

Вести

Судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци продолжува на 28 ноември

 Судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци на 13 февруари годинава во која загинаа 16 лица продолжува на 28 ноември. На денешното рочиште требаше да биде сослушан вештакот Јосиф Ќосев од електротехнички факултет, но одбраната реагираше […]

Вести

Едно обвинение помалку за Груевски, „Траекторија“ му застаре

Временската разлика од шест години од стореното кривично дело, а без правосилна пресуда во судот, го спаси од кривичен прогон поранешниот премиер Никола Груевски во предметот „Траекторија“ за злоупотребите при изградбата на автопатите Штип-Миладиновци и […]