Советот на Амбасадори од 11 до 13 мај беше домаќин на посетата на делегација од Советот на Американските Амбасадори предводена од претседателот Антони Чорба.
За време на посетата делегацијата на Советот на Американските некариерни Амбасадори имаше средби со државни претставници и претставници на државните институции како претседателот на Републиката Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, Заменик претседателот на Владата и министер за евроинтеграции Бојан Маричиќ и лидерите на опозиционите политички партии Христијан Мицковски од ВМРО-ДПМНЕ, Билал Касами од движењето „Беса„ Заменик шефот на Мисијата на САД во Скопје, и вршител на работите Ерик Мејер.
За време на билатералната средба двата Совета се договорија за сестрана меѓусебна соработка (таму каде е можно) како на национален така и на меѓународен план како слични невладини организации чиј фокус е надворешната и меѓународната политика.
За време на средбите на делегацијата на Советот на Американските Амбасадори со државни претставници и претставници на опозиционите политички партии делегацијата беше информирана за политичките состојби во земјата и регионот, борбата против корупцијата и оганизираниот криминал,рефлексот на војната во Украина и негативните последици по економијата, сестраната поддршка на Северна Македонија која во рамките на ЕУ институциите ја дава на Украина за елимирање на последиците од руската агресија, владеењето на правото и функционирање на демократијата.
Американсата делегација на некариерни амбасадори се заинтересираше за ставовите во врска со предлогот за уставни измени,
евроинтегративниот процес како и за суштината на бугарските барања за развојот на македонско-бугарските односи и др.. Делегацијата на Американските некариерни амбасадори накратко информираше и за функционирањето на судскиот систем во САД, начинот на именувањето на судии и владеењето на правото.
За време на средбите, македонските претставници на државата и институции се заблагодарија на перманентната подршка што САД ја даваше од стекнување на независноста до денешните денови додека претставниците на Американскиот Совет на Амбасадорите за трајната определба на САД во Северна Македонија да смета на верен партнер на политичка, економска, културна и безбедносна соработка во сегашноста и иднината.