Состојбата со коронавирусот стабилна од епидемиолошки аспект, тврди Филипче


Прес-конфренција на министерот за здравство Филипче (ВО ЖИВО) - МИА

Скопје, 1 септември 2020 () – Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје – Скопје, во периодот од 24 до 30 август годинава направени се 9.944 тестови за коронавирусот, а регистрирани нови 666 позитивни случаи во 29 градови низ земјава што престваува намалување од 20,6 отсто во однос на претходната недела. Најголем дел од регистрираните случаи се во Скопје, 209. Ова денеска на прес-конференција го соопшти министерот за здравство Венко Филипче.



-Во истиот период во 23 градови, односно седум повеќе во однос на претходната недела, бројот на новодијагностицирани е под 20. Процентот на позитивни тестирани од вкупниот број тестови 6,7 отсто, што е намалување од 0,8 отсто во однос на претходната недела и е задржан овој тренд на намалување на процентот на позитивни, рече Филипче.

Тој информира дека од случаите во изминатата недела, хоспитализирани се вкупно 71 што е намалување од 40,3 отсто во однос на претходната недела. Овој тренд се прати во сите болнички институции каде се лекуваат овие пациенти.

Филипче информира дека уште неколку возрасни паценти се останати во болницата Козле, која повторно во следниот период ќе биде наменета само за лекување на деца. Во ГОБ „8 Септември“-Скопје има значајно намалување на бројот на хоспитализрани пациенти или околу 30, што дозволува постепено да се врати нормалното функцирање на болницата, преку системот „Мој термин“.

Министерот за здравство соопшти дека пријавени се 35 смртни случаи од 13 градови. Од нив 29 имале познати коморбидитети.

– Во таа смисла од епидемиолошки аспект можам да кажам дека состојбата е стабилна, вклучително и во во врска со состојбата во болниците, потенцира Филипче.

 

 


Вести

Во Бразил запленети речиси 2,5 тони кокаин

Бразилската полиција соопшти дека во едно предградие на Рио де Жанеиро откри и заплени 2,46 тони кокаин. Во акцијата приведени се две лица. Кокаинот се чувал во хангар. Полицијата соопшти дека тоа е најголемо количество […]

Вести

946 нови случаи на Ковид-19 во земјава, починаа 33 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2564 тестирања, а регистрирани се 946 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-426, Куманово-36, Дебар-2, Штип-22, Прилеп-56, Тетово-46, Струга-24, Велес-30, Битола-61, Охрид-31, Кавадарци-24, Гостивар-46, Гевгелија-12, […]

Вести

Земјотрес во Македонија, епицентарот во близина на Скопје

Земјотрес со јачина од 3,4 степени ја погоди Македонија. Потресот бил почувствуван и во Косово и Србија. Според првичните податоци на веб-страницата www.emsc-csem.org која објавува податоци за земјотреси во целиот свет, потресот се случил во […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*