Соработка со Црна Гора во борбата против даночната евазија

Зголемување на ефикасноста во борбата против даночната евазија во Северна Македонија  и Црна Гора е целта на меморандумот за соработка што го потпишаа денеска во Подгорица директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска и директорот на црногосраката Даночна управа Миомир M. Мугоша.

– Даночните управи на Република Северна Македонија и Црна Гора се исправени пред предизвикот да бидат цврст стожер и да овозможат силни и економски стабилни општества. Двете институции се соочуваме со слични проблеми и потешкотии и напорно работиме да ги надминеме. Потпишувањето на овој Меморандум е токму во таа насока и ќе овозможи да се унапреди соработката, меѓусебната помош, довербата како и ефикасноста во заедничката борба против даночната евазија, истакнала Лукаревска на потпишувањето на меморандумот, соопшти УЈП.

Директорот на Даночната управа на Црна Гора,  од своја старана  потенцирал дека  потпишувањето на Меморандумот е од исклучителна важност, бидејќи двете земји ќе имаат можност да ги споделат своите искуства и знаења со што ќе се придонесе во унапредувањето во работата на двете даночни управи.

– Двете институции сме во процес на целосна модернизацијата на процесите со цел значително да ги подобриме и услугите и соработката со даночните обврзници, рекол Мугоша.

Претставниците на УЈП,  стои во соопштението, се запознале и со праксата и процедурите коишто се спроведуваат во Даночната управа на Црна Гора во областа на комуникација со големите даночни обврзници како и услужните функции во црногорската управа.


Вести

За победа во прв круг потребни 904.066 гласови, во вториот 723.253

Денеска се одржува првиот круг од претседателските избори. На изборите право на глас имаат 1.808.131 избирач, кои можат да изберат меѓу тројца кандидати Блерим Река, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски. Во првиот круг победник може да […]

Вести

Отворена телефонска линија кај Омбудсманот за пријавување повреди на избирачко право

Граѓаните денеска на денот на одржувањето на првиот круг од Претседателските избори 2019, и предвремените избори за градоначалник за општините Охрид, Дебар и Ново Село ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право […]

Вести

Граѓаните го избираат петтиот претседател, прв на Република Северна Македонија

Во Република Северна Македонија денеска се одржува првиот круг од шестите претседателски избори. Во претседателската трка се кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова и Блерим Река, кој е поддржан од […]