Собраниска делегација на собир на Парламентарното собрание на Франкофонијата


Во Делемон, Швајцарија, денеска и утре ќе се одржи Регионалното собрание Европа на Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ) на која ќе учествува Џеват Адеми, претседател и Весна Дамчевска-Илиевска, прв потпретседател на Секцијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ).

Како што информира собраниската прес-служба, на учесниците на оваа конференција ќе им се обрати Жак Крабал, парламентарен генерален секретар на Парламентарното собрание на Франкофонијата, Жан-Пол Вал, шеф на Мисијата Европа на Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ), Пјер Андре Конт, претседател на Секцијата на Јура во ПСФ, Давид Ере, министер и претставник на Владата на Јура, Габриел Вуарол, претседател на Парламентот на Јура и други личности и експерти.

Работниот дел на сесисјата ќе се организира во две панелни дискусии. Во првиот панел ќе се дебатира за Правото на самоопределевување на народите како правен принцип: состојбата во Европа, додека во вториот панел ќе се дебатира за Дирекната демократија и граѓанската иницијатива во процесот на донесување на закони. За овие теми на учесниците со нивни излагања ќе им се обратат бројни експерти од соодветните области.

Вести

Новата Европска комисија денеска го почнува својот петгодишен мандат

Европската комисија во новиот состав, предводена од Урсула фон дер Лајен, денеска почнува со работа. Европската комисија е главно извршно тело на ЕУ, која по својот состав и функции наликува на влада. Наместо министри, составена […]

Бизнис

Стартува покачената минимална плата, ќе предизвика ли пораст и на другите плати

Ниту еден вработен во државава од овој месец нема да добива плата помала од 14.500 денари. Висината на минималната плата по неколкумесечно преговарање беше усогласена преку социјален дијалог со сите социјални партнери, во договор и […]

Вести

„Епл“ вети дека ќе го разгледа прашањето за Крим

Претставник на технолошката компанија „Епл“ внимателно ќе го изучи прашањето за спорните граници на Крим, откако во апликациите „Карти“ и „Време“ во оперативниот систем на „Епл“, полуостровот Крим беше прикажан како дел од Русија. Се […]