Собранието разгледа повеќе закони, гласањето закажано за 9 март  


– По еден час доцнењеСобранието денеска ја продолжи 34. седницана која на дневен ред се 68 закони од различни области. Пратениците не гласааа претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека гласањето за нив ќе се изврши дополнително.  


 

 На почеток на седницата кај пратениците генерално немаше интерес за расправа, по што Џафери соопшти дека гласањето за дел од законите дополнително ќе се изврши. Дел од законите, пак, ќе се разгледаат штом ќе се создадат услови според Деловникот бидејќи се уште не поминале на соодветните комисии. Меѓу тие закони е и Предлогзаконот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објективо прво читање 

 Џафери информира дека за Дополнетиот предлог закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степенво второ читањеима поднесено над 900 амандмани и дополнително ќе се отвори претрес по оваа точка.  

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска во процедурална забелешка рече дека претседателот на Собранието Џафери е должен согласно Деловникот за работа на Собарнието, член 165, по секој закон за кој е завршена општата расправа место да каже дека за него ќе се гласа дополнително или кога ќе се создадат услови и побара да го прецизира датумот и часот за гласањето.  

Џафери се согласи со нејзината констатација и во продолжението на седницата за сите закони кои беа во прво читање, кажа дека гласањето по нив ќе се одвива на 9 март, вторник во 12 часот.

 Пратениците се на пауза до 16 часот.