Собранието ги верифицира мандатите на четирите нови пратеници




Собранието на денешната седница ги верифицираше мандатите на новите четири пратеници Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, Мирослав Јовановиќ и Лидија Тасевска од Коалицијата „Можеме“.

Верификацијата ја потврдија 83 пратеници кои гласаа по предлогот на комисијата за мандатно-имунитетни прашања. Собранискиот спикер Талат Џафери им го честита мандатот на новите пратеници и ги повика да седнат на пратеничките столови.

Овие пратеници доаѓаат на местата пратеникот Игор Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ, Бајрам Реџепи од ДУИ и Мухамед Зекири и Сања Лукаревска од СДСМ, кои поднесоа оставки од пратеничките функции. Никој од пратениците кои поднеса оставки не ги образложи причините пред Парламентот. Претходно оставките ги верифицираше Собранието, а имињата на новите пратеници ги достави Државната изборна комисија по барање на Претседателот на Собранието.