Случајот ,,Титаник” продолжува со сведоци на обвинителството


Случајот ,,Титаник” продолжува со сведоци на обвинителството - МИА

Скопје, 22 септември 2020 () – Ново рочиште за предметот „Титаник“ е предвидено денеска да се одржи во Кривичниот суд Скопје.

Главните расправи изминатиот период во главно се одржуваа со сослушување на сведоци предложени од обвинителството. Поголемиот број на сведоци при нивните искази пред суд посочуваа дека никогаш не донирале средства за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. За информаците дека тие пополнувале уплатници во име на партијата сведоците наведуваа дека тие биле запознаети кога биле повикани од СЈО.

Судењето за овој предмет го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Меѓу главните обвинети за овој случај се поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски, екс-пратеникот Илија Димовски и други поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Според обвинението поднесено од поранешното СЈО, обвинетите се осомничена за кривичните дела повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања. оџ/


Вести

Регистрирани нови 1085 случаи на Ковид-19, починале 12 лица

Во последните 24 часа се направени 3294 тестирања, а регистрирани се 1085 нови случаи на ковид-19, починале 12 лица, а оздравеле 283 лица, соопшти вечерва Министерството за здравство. Од новодијагностицираните случаи најмногу има во: Скопје-447, […]

Вести

Официјално Македонија со нов рекорд, 1085 новозаразени од Ковид

Ковид состојба 31.10.2020 Новозаразени: 1085 Тестирани: 3294 Оздравени: 283 Починати: 12 Вкупно дијагностицирани: 31572 Вкупно оздравени: 20731 Вкупно починати: 994 Активни случаи: 9847   Ковид состојба 31.10.2020 Новозаразени: 1085 Тестирани: 3294 Оздравени: 283 Починати: 12 […]

Вести

Од вторник во Австрија „локдаун“ и полициски час

Австриската Влада вечерва одлучи да спроведе „заклучување“ по вторпат оваа година, поради драматичната епидемиолошка состојба, од вторник, 3 ноември, со полициски час од 20 до 6 часот наутро. Австрискиот канцелар Себастијан Курц на прес-конференција рече […]

1 Comment

  1. Beskonecnosta li e cel na ovaa sudenje, zarem ne e dovolen i samo eden dokaz od lugeto koi tvrdat deka vopsto nemat uplakano pari na smetka na partijata, a toa vo nivno ime go storil nekoj drug, pa luge bozli ni smetkata za voda na komsivkata ne mozam da ja uplatam vo banka, me isprasuvaat koj si, zosto ti, koja e taa, moras da uplatis od tvoja smetka i sl.
    Zosto se site ovie zavrzlami koga vinata e ocigledna a plus se raboti za lica koi se poveke vo sudskite hodnici otkolku doma,pa ne e tesko da im se presudi, tie se povtornici i maksimalnata kazna e najsodvetna za presuduvanje, zosto placat sega, zosto ne placea koga Gruevski diktirase a tie samo kako papagali vikaa> DA PRETSEDATELE.

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*