Слаѓана Митовска: Власта на чело со СДСМ повторно го покажа своето лицемерие кон пезионерите

Власта на чело со СДСМ повторно го покажа своето лицемерие кон пезионерите.

На денешната седница на Комисијата за труд и социјална политика пратениците на СДСМ гласаа против предлог законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување поднесен од ВМРО-ДПМНЕ и колицијата.

Со нашиот предлог закон се предвидува враќање на старата методологија за усогласување на пензиите, со цел пензионерите да добијат вистинско покачување на пензиите.

Со одбивањето на ова законско решение СДСМ уште еднаш го покажа своето вистинско лице.

СДСМ ветуваше зголемување на пензиите, но наместо тоа пензионерите добија единствено усогласување на пензиите, но не и реално зголемување.

Денеска СДСМ им го скрати правото на поголеми пензии на повеќе од 310.000 корисници на пензија.

Денеска пратениците на СДСМ уште еднаш ги ставија партиските интереси пред интересите на пензионерите.

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ и Коалцијата како досега така и во иднина ќе продолжат да работат во интерес на пензинерите.

Пензинерите имаат право на поголема пензија.

ВМРО-ДПМНЕ ќе го врати достоинтвото на пензионерите во истиот момент кога оваа ненародна власт на СДСМ и Заев ќе замине, а со нив ќе заминат и сите штетни политики и закони кои ги донесоа.

Ова законско решение ќе биде вратено на сила и пензионерите ќе добијат повисоки пензии.


Вести

Европски избори: Различни правила од земја до земја

Секоја држава членка на Европската унија сама ги одредува правилата за изборите за Европскиот парламент. Кој кога гласа ? Британците и Холанѓаните гласаат во четврток на 23 мај, Ирците на 24 мај, Летонците, Малтежаните и […]

Вести

Нови рочишта за „Триста“, „Титаник“ и „Тарифа“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Триста“, „Титаник“ и „Тарифа“. Во „Триста“ обвинет е поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за злоупотреба на […]

Вести

Пробни прелети за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“

Со два прелета во воздушниот простор на Република Северна Македонија изутринава од 7:30 до 9:30 часот ќе се изврши првиот пробен прелет за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“ (чување на воздушниот простор). Прелетот ќе […]