Силјановска – Давкова: Нема самопочит, без почит кон предците и кон историјата


Силјановска: Обнова ќе се фокусира на економијата, социјалната заштита, образованието - МИА

Скопје, 4 јули 2020 () – Професорката Гордана Силјановска – Давкова, носител на ИЕ 1 на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, вечерва на митингот во Општина Центар го честиташе македонскиот празник „Денот на борецот”, а потоа упати искрени честитки до Соединетите Американски Држави за „Денот на независноста”.

-Ние народот сме собрани овде. Ние народот имаме право на самоопределување. Никој тоа право не може да ни го одземе. Името е дел од правото на самоопределување. Не е точно дека ние не сакаме да го вратиме. Повторувам. Не само што ги знаеме сите начини, туку ги знаеме и сите постапки. Има место за љубов само кон една татковина. Јас му верувам на оној горд Ирец, Бернард Шо кога вели дека се можете да смените, само татковината не можете. И вели дека битката секогаш е битка за Ирска, за Македонија или за Финска. Пазете во 1876-тата година. Тоа нему му е јасно, а ним не им е јасно. Дури и човекот број еден на СДСМ, Киро Глигоров рече Македонија е се што имаме, рече Силјановска-Давкова.

Таа посочи дека ако е денеска „Денот на борецот”, а нејзиниот татко бил борец на 17-годишна возраст, се разбира дека постои некој завет кој го дале тие борци.

-А тоа е дека она што сме го наследиле не е лично, а не е ни колективно, туку му припаѓа на народот ќе го чуваме и ќе го предадеме на поколенијата по нас. Она ВМРО се буди токму тогаш кога е загрозена Македонија. Не само тука на оваа територија, туку и во Австралија, Канада и Америка. Нема самопочит, без почит кон предците, кон историјата, нема дрво без корен. Ама за жал тие сакаа македонизмот да го импутираат. Да го пресечат коренот на ова дрво. Ние бараме во модерна Европа она што важи за сите народи, а нема народ без малцинства во соседството, да важи и за нас. Ние бараме да се почитува Конвенцијата за заштита на правата на малцинствата и да се почитува Конвенцијата за регионални малцински јазици, рече Силјановска-Давкова од говорницата.

На крајот таа порача дека она што ВМРО-ДПМНЕ ќе го спроведува после 15-ти јули ќе биде „ПРАВИ ЛУЃЕ НА ПРАВО МЕСТО”. Така најмладите нема да си заминат. На Македонија и треба даскал. Учител. А учителот е пред вас, господинот Мицкоски, заврши Силјановска-Давкова.


Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент - МИА
Вести

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Скопје, 11 август 2020 () – Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент. Во последните 24 часа, како што соопшти […]

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*