Силјановска-Давкова: На 21 април ќе отвориме пат за предвремени парламентарни избори

На 21 април ќе отвориме пат за предвремени парламентарни избори, ама новата влада нема да бара од нас да ги заборавиме зборовите на химната или во себе да ги кажуваме и да тагуваме. Со нас ќе ја пее химната, со нас ќе го вее знамето и ќе го изговара светото име Македонија зашто тоа е нашиот идентитет, а Северна нека пишуваат тие. Тоа не е нашето име, рече претседателскиот кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова на вечерашниот митинг во Велес.

Силјановска го почна обраќањето со забелешката дека на денешниот ракометен натпревар, македонската химна била интонирана без зборови.

-Неморално, неетички и мазохистички е тоа што се случува. Нели идентитетот ни е сочуван и загарантиран? Па што е химната ако не дел од македонскиот идентитет? Дали Македонија е слободна ако иредентизам е да ја пеете химната? Дали е ова слободна земја и дали навистина не треба повторно да се бориме за право и правдини оти во Уставот ги пишува трите најважни симболи на државата, меѓу кои, покрај грбот и знамето, е и химната. Сите се под Уставот и законите во слободна земја ама ја се плашам дали оваа земја е се уште слобода. Химната е нашата историска слика, нашиот историски национален наратив. Кој им дава право да ги тргнат зборовите од химната? Таа не е само музика, туку е битката за право и правдини, подвлече Силјановска.

Според неа, се ближи денот кога ќе додје слободата.

-На 21 април и изборно ќе ги делигитимираме зашто нелегитимно е нешто да сторите за што не сте го добиле мандатот од граѓаните на изборите. Да им го покажеме патот кон опозицијата. Сигурна сум дека новата власт ќе знае да гради консензус за најважните национални прашања и да поставува реципроцитет и црвени линии, да прави компромиси. Нашата победа ќе значи пораз на немакедонските, ненационални, антимакедонски и антинационални политики, истакна Силјановска.

Им вети на граѓаните дека нема да се затвори на Водно, туку дека ќе организира отворени, директни средби. -Ќе се опкружам повеќе со жени, но не во името на феминизмот, туку за да ја надминам нерамноправноста: четири жени министерки, 26 министри, шест жени градоначалнички, 80 градоначалници, предочи кандидатката за престедател.

На митингот се обрати и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Го нарече фијаско денешниот централен митинг на Стево Пендаровски во Скопје и се осврна на ставот што го изнесе Заев дека со Преспанскиот договор идентитетот е „бетониран“.

– На тој собир го слушнавме Заев како ме критикува и како вели дека не само што го забетонирал идентитетот, туку му додал и арматура. Ќе се обидам да му одговорам: Не така одамна, на палтото пред Владата, институцијата што треба да го симболизира идентитетот, Заев заедно со неговиот нов пријател се срамеа да слушаат дека „Денес над Македонија се раѓа“ и дека „Македонците се борат за своите правдини“. Господине Заев, вашиот идентитиет се урна како кула од карти, како стиропор, рече Мицкоски.

Претседателскиот кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова попладнево беше на средба со граѓани во Свети Николе, а вчера го одржа и централниот митинг пред Владата во Скопје. Според утрешната агенда, Силјановска треба да одржи митинзи во Валандово и Гевгелија.


Вести

Демократски дебати неделава во САД – прва предигра за изборите во 2020 година

Пред милиони Американци неделава на првите демократски дебати ќе се појават на едно место речиси дваесетмина кандидати во трка за номинирање претстедателски кандидат од Демократската партија на изборите следната година. Иако застапуваат различна идеологија – […]

Вести

Прифатено барањето на Јанкулоска за одложување на затворската казна за „Тенк“

На поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и е прифатено барањето да и се одложи четиригодишната затворска казна за случајот „Тенк“. Како што соопшти денеска Основниот кривичен суд – Скопје, извршувањето на казната се одложува се […]

Вести

Заменик-министерот за образование Петар Атанасов поднесе оставка

Заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов на својот фејсбук-профил во отворено писмо до премиеот Зоран Заев и до јавноста соопшти дека поднесува оставка од функцијата. Како што вели, неговата позиција станува „неодржлива и неефективна“ […]