Шукова: Меѓународната и регионалната соработка клучни во намалувањето на загадувањето на воздухот и ублажувањето на климатските промени

shukova_34535345
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Како дел од министерскиот панел на тема „Развивање заеднички пристап за управување со квалитетот на воздухот и ублажување на климатските промени во Западен Балкан“, што се одржа на првиот ден од Неделата на одржлив развој во Приштина, Р. Косово, министерката за животна средина и просторно плaнирање, Каја Шукова нагласила дека меѓународната и регионалната соработка се клучни во намалувањето на загадувањето на воздухот и ублажувањето на климатските промени и дека во оваа проблематика мора да применуваме интегриран пристап.

– Размена на позитивните искуства меѓу земјите од регионот ќе ни помогнат во надминување на предизвиците во животната средина бидејќи воздухот, водата, климата не препознаваат граници,  потенцирала Шукова, соопштија денеска од Министерството за животна средина и просторно планирање.


Таа посочила дека со потпишување на  декларацијата од Софија за зелената агенда, земјите од Западен Балкан, меѓу кои и Република Северна Македонија, се обврзале заеднички да работат  на финализирање на процесот на ратификација на Конвенцијата за долгорочно прекугранично загадување на воздухот, како и на развивање и имплементација на стратегии за квалитет на воздухот и на воспоставување на соодветен систем за следење на квалитетот на воздухот.

– Земјите од Западен Балкан мора заеднички да работат кон постигнување на целта за 2050 година за јаглеродно неутрален континент заедно со ЕУ преку креирање и спроведување на амбициозни климатски политика и реформирање на енергетските и транспортните сектори како клучни извори на загадувањето на воздухот и на стакленички гасови, чие што влијание се чувствува и на локално и на национално и на регионално и глобално ниво, изјавила Шукова.

Како што стои во соопштението, заеднички бил ставот дека е потребна размена на позитивните искуства и практики меѓу земјите во регионот во правец на побрзо и поефикасно исполнување на поставените климатски цели и целите во животната средина генерално.

Во оваа сесија како дел од актвностите од првиот дел на Неделата на одржлив развој посветен на „Поврзувањето на земјите од Западен Балкан за транзиција кон одржлив и отпорен раст“, покрај Шукова учествувале и министерот за животна средина и просторно планирање на Косово Либурн Алиу, министерката за туризам и животна средина на Албанија Мирела Кумбаро и директорката на директоратот за климатски активности во Министерството за економија и одржлив развој на Храватска Дуња Дрвар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK