Шекеринска, Заев и СДСМ ќе им тежат Луј Витон торбите со изрекетирани милиони евра


Радмила Шекеринска во очај се храбри со контроверзни  анкети, но вистинската анкета ќе ја види на 15-ти јули кога граѓаните ќе ги казнат нивната неспособност и неодговорност. Народот им сврте грб и јасно им порача дека на изборите ќе изгубат. Тоа што сега лицемерно говори од Македониумот во Крушево, а погазија и распродадоа се што е македонско ќе биде само една од причините поради која ќе бидат казнети

Шекеринска, Заев и СДСМ ќе бидат казнети од народот и заради понижувањата кои ги направија, нои и заради криминално рекетарските шеми кои ги создадоа и кои ги штитеа, заради растечката корупција и сиромаштија во Македонија, заради нереализираните ветувања кои од ракав ги делеа во 2016-та, а гледаме дека сега надградено го прават пак и заради многу други штетни политики кои ги водеа овие три години власт.

На Радмила Шекеринска, Заев и СДСМ ќе им тежат Луј Витон торбите  полни со изрекетирани  милиони, со кои се пазареше правдата во Македонија и нивната нервоза и лаги ќе растат како што ќе се наближува денот на гласање. Народот виде дека тие можеа, но не направија ништо за државата.

СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ


Конституирано Собранието, верификувани мандатите на 120-те избрани пратеници - МИА
Вести

Сто и седумнаесет од вкупно 120 пратеници присустуваа на конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав

Скопје, 4 август 2020 (МИА) – Сто и седумнаесет од вкупно 120 пратеници присуствуваа денеска на конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав, која се одржа во салата Голема купола согласно здравствените протоколи за заштита од ширење […]

Градоначалникот на Москва најави бесплатни вакцини против Ковид-19 - МИА
Вести

Нови 75 случаи со Ковид-19, пет починати, 136 оздравени пациенти

Скопје, 4 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-32, Куманово-4, Штип-5, Тетово-7, Кавадарци-8, Гостивар-8, Струмица-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-2, Виница-1, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*