Шекеринска: Во вонредна состојба без Собрание многу прашања остануваат отворени


Изјава на министерката Шекеринска - МИА

Скопје, 12 мај 12020 () – Во вонредна состојба без Собрание многу прашања остануваат отворени. Како Влада покажавме дека не сакаме да бидеме Влада без демократска контрола, напротив дека посакуваме час поскоро да се вратиме во таа демократска нормала, ако животот, очигледно, треба подолго време да ни биде променет. Затоа, лидерската средба очекувам да ги отвори ама и да ги реши отворените прашања, затоа што како држава не смееме да си дозволиме премногу изгубено време.

Ова денеска го истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска при посетата на кумановската касарна, прашана за нејзините очекувања од средбата на лидерите на партиите кај претседателот Стево Пендаровски.

-Мислам дека тоа што се справивме со најтешкото во кризата, на ефикасен, брз и рационален начин ја зголеми довербата на граѓаните во својата држава и во нашите институции, особено во една област која претходно беше многу критикувана, тоа е здравствениот систем. Видовме дека имаме знаење, имаме професионалност и ако се потпреме на професионалците дека резултати има. Граѓаните сега ја очекуваат истата професионалност и ефикасност и од политичките лидери.  Изморени се од одолговлекувањето на истите проблеми и сакаат да видат дека системите функционираат.  Цел свет живее во променети околности,  јасно ни е дека оваа епидемија сега го помина пикот и покажавме и успеваме да го симнеме пикот да не ни се случат сликите кои ги гледавме од Италија или од Шпанија, истакна Шекеринска.

 


Бојан Јовановски поднесува повеќе кривични пријави во ОЈО Скопје - МИА
Вести

Бојан Јовановски во ОЈО Скопје ќе продолжи со поднесувње кривични пријви

Скопје, 3 јули 2020 () – Бојан Јовановски, кој е осуден во предметот „Рекет“, денеска  повторно ќе биде спроведен во Основното јавно обвинителство Скопје за да заврши со поднесувањето кривични пријави на записник. Јовановски на […]

Новиот позитивен на КОВИД-19 во Кавадарци, син на претходно заболен - МИА
Вести

И натаму висок бројот на новозаразени, надлежните апелираат на почитување на мерките

Скопје, 3 јули 2020 () – Нови 173 потврдени со КОВИД-19 од 1.650 тестирања, од кои најголем дел 75 се од Скопје, беа регистрирани вчера во земјава. Починаа и досега најголем број пациенти – 15. […]

На десеттина дена пред изборите, политичките партии со различни ветувања пред граѓаните - МИА
Вести

На десеттина дена пред изборите, политичките партии со различни ветувања пред граѓаните

Скопје, 3 јули 2020 () – Ветувања за правна држава, нулта корупција, за повисоки плати, вложувања во здравството, инфраструктурата, економијата и земјоделството, во младите и поддршка за занаетчиството испорачаа политичките субјекти во земјава на десеттина […]