Шекеринска на Конференцијата за европска безбедност во Минхен


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Минхен ќе учествува и ќе се обрати на Конференцијата за европска безбедност, организирана од Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Маршал“.

Како што соопштија од Министерството за одбрана, тема на обраќањето ќе биде успешниот процес на рехабилитација на Северна Македонија и односите и влијанијата во Југоисточна Европа и пошироко.

На маргините на безбедносната конференција, Шекеринска ќе се сретне со германскиот заменик – директор на Европскиот центар за безбедносни студии,  бригаден генерал Јохан Бергер.

Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Маршал“ е реномиран меѓународен одбранбено – безбедносен институт кој го промовира дијалогот и разбирањето меѓу нациите и државите од Северна Америка, Европа и Евроазија. Институтот е поддржан од владите на Соединетите Американски Држави и на Германија.


Вести

Шести ден по ред коронавирусот „ги урива“ светските берзи

Шести ден по ред на светските берзи продолжува агонијата на пад на цените на акциите бидејќи брзото ширење на коронавирусот влијае врз инвеститорите да почнат да распродаваат различни активи и своите вложувања да ги насочуваат […]

Вести

Операторите од понеделник на полноќ нема да реемитуваат ТВ канали, оставаат простор за решение

Здружението на информатичко-комуникациските технологии, кое ги обединува сите оператори, денеска донесе заклучок да го прекине реемитувањето на сите домашни и странски ТВ канали на 2 март, вечерта на полноќ. Исклучок ќе бидат каналите на јавниот […]

Вести

Природниот прираст негативен

Природниот прираст во земјава во четвртиот квартал од 2019 година е негативен и изнесува минус 49, односно за толку бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица, објави Државниот завод за статистика. […]