Шекеринска: Многу често политиката се крие зад навивачките групи и ги злоупотребува


Шекеринска: Многу често политиката се крие зад навивачките групи и ги злоупотребува - МИА

Скопје, 4 мај 2020 () – Владина делегација предводена од вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас во Скопје по повод 117-годишнината од смртта на македонскиот револуционер.

Во моментот кога Шекеринска се спремаше да даде изјава за медиумите помала навивачка група почна да скандира „Никогаш северна, само Македонија“ по што вицепремиерката се откажа од изјавата. Таа им порача на медиумите дека ќе даде изјава пред споменикот на Делчев во Градскиот парк заради, како што кажа, луѓето кои се дојдени да тераат политика.

Прашана од новинарите дали мисли дека скандирањето е политички потег, Шекеринска рече дека секогаш е.

-Не е случајно направаено да биде веднаш после давањето изјава. На Балканот научивме дека многу често политиката се крие зад навивачките групи и ги злоупотребува, рече Шекеринска.

Во владината делегација беа и министерот за образование и наука Арбер Адеми и министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска.

 


Различни ветувања од партиите, во фокусот младите и економијата - МИА
Вести

Различни ветувања од партиите, во фокусот младите и економијата

Скопје, 6 јули 2020 () – Правда за сите, администрација по европски стандарди, сигурност, просперитет, борба против корупцијата и криминалот, обнова на правосудството, подобар живот за младите, реформи во образованието, ова синоќа им го ветија […]

Бројот на починати од коронавирус во САД надмина 50.000 - МИА
Вести

Во континуитет висок број на починати од Ковид-19, досега 341 смртен случај

Скопје, 6 јули 2020 () – Седум починати од Ковид-19 се регистрирани вчера, со што вкупната бројка на смртни случаи од почетокот на епидемијата е 341. Пет од нив се од Скопје, еден од Тетово […]

Потврдени 103 нови случаи со Ковид-19, починати пет, оздравени 13 пациенти - МИА
Вести

Регистрирани 115 нови случаи на КОВИД-19 и седум починати

Скопје, 5 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на Ковид-19, во Скопје-53, Куманово-4, Дебар-6, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-8, Струга-13, Велес-1, Охрид-8, Гостивар-5, Пробиштип-1, Свети […]