Шекеринска – Леш: Романската поддршка се покажа дека не е само на зборови, туку на дело


Успешно ги исполнивте чекорите за пристапување кон НАТО и наскоро ќе станете 30 членка со целосни права во најсилната воено-политичка алијанса во светската историја што сигурно ќе придонесе за подобрување на безбедносното опкружување на балканскиот регион, порача романскиот министер за национална одбрана Габриел-Бениамин Леш по средбата во Скопје со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

-Ве уверувам дека мојата земја секогаш ќе ви биде пријател и доверлив сојузник. Романија постојано ги поддржува напорите за евроатлантска интеграција на Република Северна Македонија со фокус на областите – стратешко планирање, обука и доктрина, логистика, човечки ресурси, комуникација и информатика, како и за зајакнување на соработката во процесот на состаноци на министрите за одбрана во Југоисточна Европа и во рамки на Бригадата на ЈИЕ – СЕЕБРИГ, рече Леш на денешната прес-конференција.

Тој ја истакна добрата соработка меѓу двете земји на сите полиња, особено на полето на оодбраната, и нагласи дека Романија ќе го поддржи процесот на релокација на Командата на СЕЕБРИГ од Грција во Северна Македонија.

На средбата во Скопје, како што посочи, станало збор и за продолжување на тесната соработка во областа на информациите во одбраната, безбедносната состојба во Западен Балкан и феноментот на миграција.

Министерката Шекеринска рече дека Романија е една од земјите која во вонредно брза процедура ја даде својата поддршка за нашето членство во НАТО преку ратификација на протоколот за членство.

-Подршката на Романија никогаш не беше само на НАТО-план, туку романската Влада беше една од силните поддржувачи на нашата статешка цел – час поскоро да ги почнеме преговорите со Европската Унија. Во октомври го очекуваме истото. Нивната поддршка се покажа дека не е само на зборови, туку на дело. Романските граѓани и Парламент препознаа дека Република Северна Македонија е партнер и сојузник кој има капацитет и знаење да придонесе кон мирот, стабилноста и безбедноста на сите земји-членки на Алијансата, рече Шекеринска.

Посочи дека соработката меѓу двете армии е одлична и нагласи дека веќе се реализирани најголем дел од плановите за годинава.

-Имаме заеднички обуки, заеднички вежби и убедена сум дека ќе договорите и дополнителни начини на соработка со министерот во овие два дена. Користевме некои совети од Романија во досегашната реформа, а денеска доплнително договоривме да поканиме експерти или мобилни тимови кои ќе ги обучуваат нашите припадници на армијата и вработените во Министерството за одбрана, појасни Шекеринска.

Додаде дека ќе биде пренесено романското искуство од мисиите предводени од Европската Унија во Африка, делот на мултирализација преку договори влада со влада и искуството на Романија и романските компании  во настапот пред НАТО-партнерите на пазарите на земјите-членки на Алијансата.

-Членството во НАТО е и економска можност со зголемување на странските инвестиции во државата. Но, сега сакаме и да им помогнеме на нашите фирми полесно да настапат на пазарот на НАТО, бидејќи сега им се отвораат вратите со нашето членство, потенцира Шекеринска.


Вести

Катица под ПИ-мерки била девет дена

– Посебните истражни мерки за поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, се применувале месец и пол покасно од ПИ-Мерките за обвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 и сега осудениот Зоран Милевски – Кичеец, кој биле следени од 20.06.2019 […]

Вести

Боки 13 ја посетувал Катица Јанева во нејзиниот дом, покажуваат ПИ мерките

– Бојан Јовановски – Боки 13 се гледал со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и одел кај неа, во нејзиниот дом, ова го покажале снимките од ПИ мерките кои денеска се прикажуваат во судница на […]

Бизнис

Поскапуваат бензините

– Малопродажните цени на бензините и дизелот од полноќ се зголемуваат за 0,50 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 66,00 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 […]