Шекеринска: Граѓаните денес се еднакви со најмоќните во НАТО и со отворено добредојде во ЕУ


Шекеринска: Граѓаните денес се еднакви со најмоќните во НАТО и со отворено добредојде во ЕУ - МИА

Скопје, 11 јули 2020 () – Граѓаните на Македонија денеска се граѓани на светот, еднакви со најмоќните во НАТО и со отворено добредојде во ЕУ, со зачуван идентитет и потврден и признат во светот македонски јазик. Од тоа поголемо достоинство нема, истакнува во видео обраќање носителката на кандидатската листа во Петтата изборна единица на коалицијата „Можеме“, Радмила Шекеринска.

Порачува ретроградните политики на ВМРО-ДПМНЕ да останат во минатото и никогаш повеќе да нема режим во земјава. Тие, вели Шекеринска, не заслужуваат втора шанса да го продолжат истото.

– Зборуваат за достоинството наместо да ја наведнат главата и да се извинат зашто 11 години со сите сили го газеа достоинството на својот народ и држава. Зборуваат за достоинството тие кои 11 години владееја со страв и закани, тие кои ги искрадоа граѓаните а земјата ја изолираа, ја заглавија во омраза и ја претворија во жртва. Тие чиј лидер избега со парите на граѓаните, а тие прават се за да го вратат неговиот начин на владеење – за да продолжат да заплашуваат и да се богатат на сметка на иднината на секој граѓанин, вели Шекеринска во видео пораката.

Се изборивме заедно, нагласува Шекеринска, за слободата и ја поставивме земјата на вистинскиот пат.

–  На 15 јули заокружете го бројот 3 да продолжиме заедно. Само заедно можеме напред. Да ја одржиме последната лекција заедно – режим никогаш повеќе во Македонија, порачува Шекеринска во видео пораката.


Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 74 случаи со Ковид-19, тројца починати, 90 оздравени пациенти

Скопје, 3 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-14, Куманово-8, Штип-13, Струга-1, Кавадарци-3, Гостивар-22, Кочани-1, Берово-3, Виница-4, Свети Николе-3, Кичево-2. […]

Џафери ќе ја води конститутивната седница - МИА
Вести

Џафери ќе ја води конститутивната седница

Скопје, 3 август 2020 () – Претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери утре ќе претседава со конститутивната седница на Собранието, потврдија од неговиот кабинет. -Претседателот Џафери излезе од болница и е во многу добра […]

Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките клучно за нивна заштита - МИА
Вести

Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките клучно за нивна заштита

Скопје, 3 август 2020 () – Ковид-19 предизвикува поголема смртност кај лица на возраст над 60 години и кај лица со основни медицински состојби, како што се кардиоваскуларни заболувања, хронична респираторна болест, дијабетес и карцином. […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*