Шахпаска на средба со директорите на Центрите за социјална работа


Шахпаска на средба со директорите на Центрите за социјална работа - МИА

Скопје, 16 септември 2020 () – Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска имаше средба со директорите на Центрите за социјална работа на ниво на држава, на која се разговараше за потребите и предизвиците со кои тие се соочуваат и нивното понатамошно успешно решавање и надминување.

-Министерката Шахпаска во разговор со присутните директори посочи дека достапноста, одговорноста, отчетноста и ефикасноста се принципите врз кои треба да функционираат сите чинители во општествениот систем, за тој да функционира, со посебен акцент на лицата кои се одговорни за решавање на социјалните предизвици, како што се Центрите за социјална работа, информираат од МТСП.

На средбата се разговарало на повеќе теми кои се опфатени во делокругот на работењето на Центрите за социјална работа. Старателството, водење на случај и неговата имплементација, подготвеноста на Дневните центри за лица со попреченост за повторно нивно отворање, состојбата со капацитет на згрижувачки семејства и мали групни домови, како и интегрирање на социјалните случаи како активни учесници во пазарот на трудот.

Од Министерството информираат дека на средбата се разговарало и за функционирањето на шелтер центрите, особено за порастот на семејното насилство изминатиов период каде најголем број жртви се старите лица.

-Со поголемото интегрирање на социјалните случаи како активни учесници на пазарот на трудот и нивно извлекување од сиромаштија покрај тоа што го намалуваме бројот на корисници на социјална помош, им помагаме на овие лица активно да се вклучат во општеството и самостојно да функционираат, што претставува дел од социјалната реформа, истакна министерката Шахпаска.

Таа повика на поголема вклученост во идејни решенија и реализација на проекти од страна на Центрите а во соработка со Општините, за адаптација, реконструкција и градење на домови, градинки, центри и слично, односно поголем обем на капитални инвестиции.

Заеднички беше заклучокот дека соработката и поддршката продолжува и понатаму за да се создаде општество кое се грижи заоние на кои им е тоа потребно, со акцент на најранливите категории на граѓани, велат од МТСП.ир/


Вести

Угостителските објекти ќе работат само до 23 часот

Владата на денешната 13-та седница ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работно време на сите угостителски објекти до 23 часот, освен оние што вршат испорака, како и да […]

Вести

408 нови случаи на Ковид-19 во земјава, починаа 4 лица

  Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-227, Куманово-12, Штип-15, Прилеп-4, Тетово-34, Струга-5, Велес-15, Битола-10, Охрид-23, Кавадарци-4, Гостивар-2, Струмица-18, […]

Започна пленарната седница за избор на претседател на Собранието - МИА
Вести

Собранието не расправаше за измените на Законот за заштита од заразни болести

– Собранието на Република Северна Македонија денеска ја започна 18. седница беа донесени две одлуки за испраќање припадници на Армијата во мисиите УНИФИЛ во Либан и Алтеа, како и неколку ратификации на договори и спогодби. […]

1 Comment

  1. Ovaa sorospija sahtanska od koja sahta izleze tso tolkava omraza kon makedonija i makedonskiot narod .Koj mocko ja nosi dodoma zosto e nesposobna –sama–da se vrati doma

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*