Села и Гаши од Куманово: Време е за промени, потребни се вистински политики за развој


Села и Гаши од Куманово: Време е за промени, потребни се вистински политики за развој - МИА

Куманово, 6 јули 2020 () – Алијансата за Албанците и Алтернатива вечерва на градскиот плоштад во Куманово ја презентираа програмата со која настапуваат на предвремените парламентарни избори. Пред присутните зборуваа кандидатите за пратеници, лидерите на двете партии кои ги повикаа гласачите да ги поддржат на 15 јули и истакнаа дека е време за промени во албанското општество во државата.

Носителот на листата од ИЕ2 Африм Гаши пред кумановци рече дека кај Албанците дојдено е време за промена, бидејќи, како што рече,  стагнираат во економскиот развој, образованието, здравството.

– Не можеме да ги направиме овие промени ако нема промена на политичките елити. 18 години ние стоиме во место, во една тешка агонија и мислиме дека дојдено е време за промена и кај Албанците. Мислиме дека тоа ќе биде здраво не само за нас Албанците, туку и за сите граѓани во државата, рече Гаши.

Тој информираше дека предвидени се проекти од повеќе области кои важат за сите граѓани, рамноправен развој во сите средини, водоснабдување, канализации, патишта, целокупна инфраструктура која е неопходна за секојдневното функционирање.

– Мислиме дека е дојдено време за промена 18 години е долг период, битно е за Албанците да има промена и очекуваме и убедени сме дека на 15 јули ќе има промена, потенцира Гаши.

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села истакна дека граѓаните треба да се одлучат да ги поддржат бидејќи, како што рече, на граѓаните им е потребно тоа, за враќање на надежта.

– Одамна Албанците се одлучени да донесат демократија внатре во нивното општество тука во Македонија од 2009 минимум, ама жално е дека македонските политички партии им помагаат во неколку наврати, било ВМРО ДПМНЕ, било СДСМ. Веќе Албанците се одлучени да донесат промени, со тоа и надеж, вели Села.

Тој потенцира дека нудат богата политичка платформа, правда, економски развој, добро образование и ставање крај на девијантни феномени, затворање на казина.

– Мислам дека ова општество има потреба за да има вистински политики, а не политики кои ги поттикнуваат младите на девијантни однесувања. Нема да грешат ако нѐ гласаат. Ќе победиме од Липково сѐ до селата во Битола, потенцира Села.


Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 166 случаи со Ковид-19, четворица починати, 185 оздравени пациенти

Скопје, 2 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-47, Куманово-17, Дебар-1, Штип-23, Тетово-12, Струга-7, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-9, Гостивар-15, Гевгелија-1, Струмица-1, […]

Вести

Ден на Републиката – чествувања со протоколи и без масовни собири

– Денот на Републиката 2 Август, на кој се празнуваат двата историски Илиндена, 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ,  поради епидемијата ќе се чествуваат без масовни собири и […]

Викендите предизвикуваат раст на бројот на новозаразени од Ковид-19 - МИА
Вести

Бројот на новозаболени под 10 отсто, се бара почитување на протоколите на плажите и на базените

Скопје, 2 август 2020 () – Бројот на новозаразени лица од Ковид -19 падна под 10 отсто. Според последниот здравствен билтен на Министерството за здравство, во последните 24  часа од направени 1621 тестови регистрирани се […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*