Секторска консултација за работата на Секторската работна група за правда


Секторска консултација на тема „Ефектите од работата на Секторската работна група за правда и идните предизвици за подобрување на соработката помеѓу граѓанските организации и институциите“ ќе се одржи денеска во рамки на проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите“.



Консултацијата, како што соопшти Фондацијата Отворено општество, ќе биде организирана онлајн на веб платформата ZOOM.

На секторската консултација, како што најави Фондацијата, свој осврт околу работата на Секторската работна група за правда ќе дадат Данче Даниловска-Бајдевска, програмска директорка, Фондација Отворено општество, министерот за правда Бојан Маричиќ, раководителот на секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ Никола Бертолини, координаторот на програмата за добро управување, Институт за демократија Миша Поповиќ и програмскиот координатор за меѓународна соработка, Институт за човекови права Маја Стојаноска.

Оваа секторска консултација е дел од проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите“, кој го координира и имплементира Фондацијата Отворено општество – Македонија, со партнерите Реактор – Истражување во акција, Евротинк – Центар за европски стратегии и Центар за граѓански комуникации.