Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за прашања на изборите и именувањата и Законодавно правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе биде Утврдување предлози за избор на членови на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.
Пред членовите на Законодавно – правната комисија ќе се најдат Предлог на закон за ратификација на Конвенцијата за елиминирање на насилството и вознемирувањето на полето на трудот, 2019 (C 190), како и Предлог на закон за ратификација на договорот меѓу Европската унија и Република Северна Македонија за учеството на Република Северна Македонија во „Царините“ Програма на Унијата за соработка во областа на царините.