Седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата


– Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе се одржи седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.



На дневен ред на седницата е утврдување на предлог – одлука за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Северна Македонија, како и предлог – одлука за изменување на Одлуката за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата во Собранието.

Членовите на оваа комисија ќе ја разгледаат и Предлог – одлуката за основање на пратенички групи на Собранието за соработка со парламентите на други држави, како и избор на претседатели и членови на овие пратеничките групи.