Се моли СДСМ да не се резили, пакетот помош за економијата е далеку од доволен


ВМРО-ДПМНЕ: Мислењата на Венецијанската комисија за СДСМ важат во зависност од тоа како ним им одговара - МИА

Помошта не е добро дизајнирана


 

И покрај преземените мерки, Состојбите на пазарот на трудот значително  се влошија за време на пандемијата. Во вториот и третиот квартал заедно, бројот на вработени лица според Анкетата за работна сила е намален за 25.545, односно за 3,1% од вкупниот број вработени.

Вкупно 60.000 луѓе останаа без работа во последната година.

6.200 фирми затворија, а 54.000 луѓе не земале мартовска плата и тоа за СДСМ  е нормално.

Градежништвото е на колена со двоцифрена стапка на пад во јануари 2021 година.

Фискална политика која не само што не му помага на приватниот сектор, туку им ги влошува состојбите. Ниту еден километар автопат не е направен. Кај даночната политика нема никакви прилагодувања. Ниту еден данок не е намален. Додека задолжувањето расте а долгот достигна 6,5 милијарди евра.

Во 2014 година кога долгот изнесуваше 3,9 милијарди евра, јавноста беше лажена  дека Македонија е пред банкрот. А, сега долгот е дуплиран, а Заев глуми смиреност.

Ништо не е во ред, додека народ гладува.